Преживеаните скокаат од балкон за да спасат – Застрашувачки видеа од пожар на станбена зграда во Шпанија

Пожарот избувнал во еден од становите, а се проширил низ сите 138 стана. Погледнете ги застрашувачките видеа од пожарот во зграда во Валенсија, во која загинаа најмалку 4 лица.

prezhiveanite-skokaat-od-balkon-za-da-spasat-zastrashuvachki-videa-od-pozhar-na-stanbena-zgrada-vo-shpanija-01.jpg

Најмалку 4 лица го загубиле животот, а 19 се водат за исчезнати во пожарот што вчера попладне (22.02) зафати станбена зграда во Валенсија, Шпанија. Според информациите во локалните медиуми, пожарот започнал околу 17 и 30 часот по локално време, а на местото веднаш биле испратени противпожарни служби.

prezhiveanite-skokaat-od-balkon-za-da-spasat-zastrashuvachki-videa-od-pozhar-na-stanbena-zgrada-vo-shpanija-03.jpg

Според информациите објавени во шпанскиот весник El Pais, пожарот се проширил за половина час и ги зафатил сите 138 стана во големата 14-катна зграда.

Станарите од соседните згради биле сведоци на огнената стихија во зградата и велат дека глетката била „застрашувачка и неверојатна“.

Инаку, пожарникарите не биле во можност да влезат и однатре да го гаснат пожарот, па морале тоа да го прават однадвор.

Според информациите, во пожарот најмалку 14 лица биле повредени и неколкумина од нив се пожарникари, а на видеата објавени на социјалните мрежи, може да се види како преживеаните морале да скокаат од балкон за да се спасат.

Погледнете дел од морничавите видеа објавени на социјалните мрежи:

Како изгледал пожарот кога избувнал?

Како изгледал пожарот од соседните станови?

Преживеаните скокаат од балкон за да се спасат

Луѓето насобрани на улици го гледаат пожарот

Пожарникарите со дигалки ги спасуваат преживеаните

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од пожарот во дискотека во Швајцарија: „Гледав како горат луѓе, влегов внатре за ... „За неколку секунди, целиот таван беше во пламени. Се беше направено од дрво и п...
Страшен пожар во бар во ски центар во Швајцарија со најмалку 40 загинати и повеќе од 100 повредени -... Страшна несреќа ја погоди Швајцарија на 1-ви јануари 2026 година. Околу 40 луѓе ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...

Најчитани неделава