Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари

Киднапирано 10-годишно девојче

Еден од поновите случаи поврзани со Роблокс е од април годинава. 27-годишен маж од Калифорнија бил уапсен за киднапирање и сексуално вознемирување на 10-годишно девојче.

Истрагата покажала дека мажот комуницирал со девојчето преку Роблокс, а потоа и на платформата Discord која овозможува пишување инстант пораки (како Месинџер).

Иако мажот живеел во град оддалечен дури 400 километри од домот на девојчето, успеал да дознае каде се наоѓа.

Во август, родителите на девојчето поднесоа тужба против Роблокс, но и Discord бидејќи не го спречиле киднапирањето на нивната ќерка.

kidnapiranja-pedofili-izmami-za-pari-mrachnata-strana-na-platformata-robloks-shto-e-hit-i-kaj-nas-08.JPG

Киднапирано 13-годишно девојче

Во 2022 година, повторно во САД, девојче било киднапирано од 33-годишен маж.

Мажот бил фатен и уапсен за секс трафикинг, киднапирање и силување, а првпат стапил во контакт со девојчето преку Роблокс.

Само два дена подоцна, успеал да го убеди девојчето навечер да се искраде од дома. Па, ја киднапирал и со неговиот автомобил ја однел во својот дом, над 1.000 километри подалеку од нејзиниот град.

Во наредните неколку денови додека девојчето да биде најдено, полицијата соопшти дека веројатно било сексуално нападнато неколкупати.

kidnapiranja-pedofili-izmami-za-pari-mrachnata-strana-na-platformata-robloks-shto-e-hit-i-kaj-nas-04.JPG

Киднапирано 11-годишно девојче

Во 2023 година, во Њу Џерси било киднапирано 11-годишно девојче од страна на 27-годишен маж.

Полицијата откри дека мажот комуницирал со девојчето преку Роблокс, а кога ја наговорил да се видат, ја киднапирал.

Не беа откриени други детали од случајот, но според последните информации, мажот е во затвор.

kidnapiranja-pedofili-izmami-za-pari-mrachnata-strana-na-platformata-robloks-shto-e-hit-i-kaj-nas-03.JPG

Киднапирана тинејџерка

Во 2023-та, маж доби 15-годишна казна затвор за „груминг“ на малолетник и киднапирање.

Мажот прво комуницирал со 15-годишното девојче преку Роблокс, а потоа комуникацијата продолжила на Инстаграм и Discord.

Мажот го лажел девојчето дека има конекции во гејминг индустријата и ќе ѝ помогне да се вработи. Почнал да ја манипулира, да ја лаже дека е вљубен во неа, а по некое време почнал да прави планови да се сретнат во живо.

Користејќи разни техники за манипулација, го наговорил девојчето да отиде во неговиот дом. Ја држел затворена во домот цели осум дена, при што многупати ја силувал.

Девојчето било најдено од страна на ФБИ, а силувачот бил уапсен.

kidnapiranja-pedofili-izmami-za-pari-mrachnata-strana-na-platformata-robloks-shto-e-hit-i-kaj-nas-02.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg