Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари

Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствено ограничување е имагинацијата. Но, истовремено им дава простор на педофили да се претставуваат како деца и да комуницираат со други деца. Во најлоши случаи, тие успеваат да допрат и до нивната физичка локација…

kidnapiranja-pedofili-izmami-za-pari-mrachnata-strana-na-platformata-robloks-shto-e-hit-i-kaj-nas-01.jpg

Роблокс (Roblox) е популарна онлајн платформа за играње којашто им овозможува на корисниците самите да прават видеоигри или да играат игри направени од други корисници.

Токму овој систем за креирање видеоигри ја направи платформата мошне популарна, па во просек, секој ден ја користат над 80 милиони корисници.

Иако платформата е лансирана уште во 2006 година, својот „бум“ го доживеа во периодот на пандемијата, кога сите бевме затворени дома.

Достапна за скоро сите оперативни системи и конзоли за играње, за платформата има многу позитивни коментари, но и уште повеќе критики бидејќи има и проблематична страна – остава простор за екстремизам, измами, но и „груминг“ на деца.

А, кога ќе се земе предвид дека голем дел од корисниците немаат ни 16 години, проблемот станува уште поголем.

kidnapiranja-pedofili-izmami-za-pari-mrachnata-strana-na-platformata-robloks-shto-e-hit-i-kaj-nas-7.JPG

Кои опасности демнат на платформата?

Како што веќе спомнавме, Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри.

Платформата е главно наменета за деца и тинејџери, па има некои ограничувања за тоа какви игри може да се креираат. На пример, забрането е да се прават игри со сексуална содржина, преголемо насилство и слично.

Постојат автоматски филтри и тим модератори кои го контролираат ова. Но, тие не секогаш работат совршено.

Па, може да се склучи дете да налета на игра со многу насилна или сексуална содржина која секако дека ќе го истрауматизира.

kidnapiranja-pedofili-izmami-za-pari-mrachnata-strana-na-platformata-robloks-shto-e-hit-i-kaj-nas-05.JPG

На корисниците им се препорачува да ја наведат возрасната граница за игрите што ги креираат, но ова е правило што можат и да го прескокнат.

Роблокс има и Parental Control, односно опција која ја активираат родителите и со која можат да го ограничат користењето на платформата во зависност од возраста на нивното дете.

Но, многу родители не знаат дека нивните деца користат Роблокс, ниту дека постои нешто такво, па станува јасно дека оваа алатка не секогаш е од помош.

kidnapiranja-pedofili-izmami-za-pari-mrachnata-strana-na-platformata-robloks-shto-e-hit-i-kaj-nas-6.JPG

Тука е и можноста на играчите да комуницираат едни со други. А, сите знаеме дека скриен зад тастатура, секој може да се претстави како друга личност.

Ова создава можност за предаторско однесување, односно возрасни луѓе кои во играта се преправаат дека се деца, почнуваат да комуницираат со други деца.

Ако ја стекнат нивната доверба, лесно можат да ги натераат да ја продолжат комуникацијата надвор од платформата, па дури и да добијат податоци за нивната физичка локација.

kidnapiranja-pedofili-izmami-za-pari-mrachnata-strana-na-platformata-robloks-shto-e-hit-i-kaj-nas-10.JPG

Роблокс има и друг проблем – виртуелната валута на платформата.

Самата игра е бесплатна, но има виртуелна валута – Robux – со која корисниците можат да купуваат, продаваат и создаваат виртуелни работи.

Но, овaа виртуелна валута е поврзана со вистински пари. Може да се купи на самата платформа со вистински пари, а постои и месечна претплата со која следува одредена сума од валутата.

Некои играчи може да ја „заработат“ виртуелната валута преку игрите што ги прават или виртуелните предмети што ги креираат.

kidnapiranja-pedofili-izmami-za-pari-mrachnata-strana-na-platformata-robloks-shto-e-hit-i-kaj-nas-09.JPG

Иако валутата не е неопходна за некој да игра игри на Роблокс, сепак некои корисници ја гледаат како „статусен симбол“. Па, се случува деца да крадат картички од родители за да купуваат од валутата.

Овде се и бројните онлајн измами кои ветуваат голема сума од виртуелната валута бесплатно. Многу деца наседнуваат на овие измами, па ги даваат податоците од картичките на нивните родители.

Иако сето ова звучи повеќе како дејство од научнофантастичен филм, има вистински случаи каде деца станале жртви на предатори на Роблокс.

Неколку вакви случаи на следната страница…



Би можело да ве интересира:

Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg