Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Apple може да го претстави новиот iPhone во средината на септември

apple-moze-da-go-pretstavi-noviot-iphone-vo-sredinata-na-septemvri

Корпорацијата Apple, можеби, ќе ја претстави новата генерација на iPhone-от во средината на септември, пишуваат американските медиуми во вторникот, повикувајќи се на запознаени извори.

Официјалниот датум за претставување на новата верзија на најпопуларниот „паметен“ телефон на светот засега официјално не е соопштена, но се очекува дека продажбата ќе почне на есен. Сегашниот модел iPhone 4S се појави на пазарот во средината на октомври 2011 година, со што компанијата го запази годишниот циклус на лансирање на своите технолошки освежувања.

Прашањето за следниот бран од претставувањето на новитетите при што се прецизира терминот, го отвори интернет ресурсот iMore. Според него, презентацијата на следната верзија на iPhone ќе се одржи 12-ти септември а продажбата ќе започне на 21-ви септември. Истовремено со појавата на новиот паметен телефон, компанијата ќе издаде и компактна верзија на таблетот iPad mini со 7,8-инчен дисплеј, пишува iMore, иако се прави отстапка дека тоа може да се случи подоцна.

За датумот за презентацијата на новиот паметен телефон на Apple на 12-ти септември,  повикувајќи се и на анонимни извори, пишува и Reuters, појаснувајќи дека терминот сé уште може да биде променет.

Извор на интернет магазинот AllThingsD, исто така, укажува дека Apple подготвува презентација на нов производ во втората седмица од септември и оти најверојатен кандидат за тоа е iPhone. Компанијата ги ажурира магацинските резерви, што укажува на тоа дека следува циклус на обновување на еден или на повеќе производи, пишува AllThingsD, обично претпазлив во предвидувањето кога станува збор за ненајавени производи на Apple.

Аналитичарите на еWeek истакнуваат дека септемвриското лансирање на најочекуваниот гаџет на годината ќе биде идеално. Од една страна, тоа ќе му овозможи на Apple да ја „фати“ кулминацијата на сезоната на продажба (во лето побарувачката на електроника се намалува), а од друга страна да не губи време во конфронтација со конкурентите, особено со Samsung. Имено во моментов водечкиот продукт на корејската компанија - смартфонот Galaxy S III се продава добро, и доколку Apple го одложи излегувањето на новиот iPhone, може да изгуби многу од потенцијалните купувачи.

Иако следната верзија на паметниот телефон на Apple во јавноста го именуваат како iPhone 5, некои медиуми, како на пример интернет страницата Cnet, напомнуваат дека бидејќи всушност станува збор за шестата генерација на апаратот, тој може да го добие името  iPhone 6. Впрочем, компанијата Apple е позната по својата комбинација на конзервативизмот и непредвидливост, така што новитетот може да се појави во продавниците и под името iPhone 4G (што ќе ја одразува поддршката на технологијата LTE), или само iPhone (како што тоа беше со третата генерација iPad).

На интернет може да се најдат голем број описи, па дури и фотографии на новиот iPhone, но нивната валидност не е потврдена со ништо. Повеќето аналитичари укажуваат на тоа дека  Apple, конечно, се откажува од традиционалната форма - факторот со екран од 3,5 инчи во полза на поголем екран. Меѓу другите иновации, можно е следната генерација на iPhone, според експертите, да ги поддржува технологиите LTE, NFC, да користи намалена СМС-картичка според новиот стандард nanoSIM, а, исто така, можно е и да биде некомпатибилен со стариот конектор за напојување.

31.07.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg