Работа


Сакаш да пишуваш? - Вработуваме!

vrabotuvame-nadvoresen-sorabotnik.jpg

Позиција:

Надворешен соработник/дописник за CRNOBELO.com (работа од дома)

Доколку редовно нè следиш, сакаш да пишуваш, креативен си и имаш желба да придонесеш за развој на порталот од содржински аспект  - ти си оној кој ни треба!

Кои квалификации ни се потребни:

  1. Завршено ВСС (новинарство, филолошки и други сродни факултети се предност)
  2. Талент и желба за пишување на квалитетни и креативни текстови
  3. Беспрекорно познавање на македонски јазик, граматика и правопис
  4. Одлично познавање на англиски јазик
  5. Одлично познавање на српски јазик
  6. Познавање на MS Office
  7. Следење на светските трендови, информации и новости
  8. Работното искуство поврзано со работното место ќе се смета за предност.
  9. Искуство со Joomla ќе се смета за предност

*Најважна е желбата за сопствен развој во оваа област!


Работни обврски:

  • Креирање содржини за CRNOBELO.com
  • Уредување и објавување на содржините
  • Постојано следење на светските трендови на забавните онлајн медиуми

Доколку сакате да бидете дел од тимот на CRNOBELO.com и сметате дека би биле соодветни за оваа позиција, испратете ни го вашето CV на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Вашата апликација задолжително треба да содржи и 3 предлог текстови кои сметате дека би биле соодветни за објава на CRNOBELO.com.

Напомена: Текстовите ќе се користат исклучиво за процесот на селекција и истите нема да бидат објавени доколку не бидете ангажирани како автор.

Некомплетните апликации нема да се разгледуваат.

Огласот трае до 06.04.2018