Тестирајте се низ 10 кратки прашања – дали го владеете македонскиот правопис?

По правило согласката „д“ не се едначи кога ќе се најде пред наставките: -ски, -ствен, -ство,-ствува, па оттука решението на првите три примери е:

1. Градски, (но град+че=гратче);

2. Средство;

3. Соседство;

Кога ги формираме деминутивите од „врабец“, „леб“ и од „снег“, пред наставката –че е потребно да се направи едначење по звучност, па така следните три примери се пишуваат како:

4.Врапче;

5. Лепче;

6. Снекче;

Од правилото за едначење по звучност се отстапува и кога треба да се прави едначење пред „ц“ на граница на основата и множинската наставка –и, па затоа одговорот на следното прашање е:

7. Крадци;

Кога зборовите се префиксираат, односно кога префиксот завршува со звучна согласка, а зборот започнува со безвучна, тогаш треба да се направи едначење по звучност па оттука:

8. Потсвест;

9. Претчувство;

Кога префиксите што завршуваат на согласка (зад-, над-, од-, под-, пред-, без-, из-, раз-) ќе влезат во состав со збор што почнува со истородна согласка, настануваат два случаја.

А. Во некои случаи се пишуваат удвоено: оддели, поддава, раззелени, оттука, поттикне, бессовесен…

Б. Во некои случаи се пишува само една согласка: одамна, бесмислен, бесмртен, бестрашен, исее, исекне, исели, исече, раседла, расели, расоли, расони, па оттука решението на последното прашање е:

10. Бесмртен.

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Квиз: Ќе го погодите ли значењето на 8 стари македонски зборови? Знаете ли што значи зборот „аеронаут“ или зборот „џафте“? Колку архаични зборови...
Квиз: Дали го познавате македонскиот правопис? Колку согласки има во македонскиот јазик? А, знаете ли кога се пишува апостроф? ...
Литературен квиз: Кое е значењето на „ексик“ и на уште 10 зборови на битолски дијалект? Што значи кога во Битола ќе кажат „Ексик“ или „Форес ми прајш“? Го познавате ли ...
Квиз: 8 македонски зборови кои ги користат интелектуалци – знаете ли што значат? Парадигма, експлицитен, реноме... зборови кои ќе ги слушнете од интелектуални ли...
Квиз: Од кои јазици потекнуваат зборовите што ги користиме секојдневно? Знаете ли од кој јазик потекнува зборот „авокадо“? А, зборот „торнадо“ или „граф...
Квиз: Погодете го значењето на зборовите на грчки јазик Знаете ли што значи „efharistó“ или, пак, „ne“? Знаете ли дел од основните зборо...

Најчитани неделава