Изберете симбол и дознајте што ве очекува во последните денови на декември (некои ќе добијат важна порака)

izberete-simbol-i-doznajte-shto-ve-ochekuva-vo-poslednite-denovi-na-dekemvri-nekoi-kje-dobijat-vazhna-poraka-02.jpg

Ако избравте снегулка

Време е да се ослободите од контролата и да почнете да верувате во магија. Можеби планиравте премногу, контролиравте што ќе се случува и ги држевте конците во ваши раце и тоа ве измори.

Во последните денови од декември опуштете се и дозволете универзумот да се погрижи за вас.

Ова е време на неочекувани подароци и чуда, нив не мора да ги барате, туку самите ќе дојдат кај вас.

Луѓе, пари, можности, радост - сите ќе ве пронајдат, само ако им дозволите да ви се приближат.

Во последните денови очекувајте спонтани средби, подарок од животот што не можете да го предвидите, да ви се случи момент од типот: „Верував и навистина ми се случи чудо“, но и да се појави чувство на леснотија по долг период на стрес.

Ако избравте ѕвезда

Тоа за што сонувате е поблиску отколку што мислите. Работите за кои мечтаевте долго, но престанавте да верувате дека ќе се остварат, во овие денови ќе ви бидат на дофат на раката.

Ова е време за остварување желби, иако не сите и не веднаш. Но едно нешто што ви е најважно, полека ќе почне да оживува.

Тоа може да биде знак, прв чекор кон нешто ново и убаво.

Во последните денови очекувајте знак дека сте на вистинскиот пат, средба со личност која ќе ве доближи до вашиот сон, ненадејна јасност на мислите и ситуација во која ќе почувствувате дека нешто е навистина можно.

Ако избравте огледало

Време е да се видите себеси. Цела година се гледавте преку очите на другите луѓе: што ќе мислат, како ќе ве судат, дали сте доволно добри?

Но, на крајот на декември прифатете дека сте доволно добри такви какви што сте, барем за себе - видете ги вашата сила, вашата убавина, вашата уникатност.

Во последните денови очекувајте комплимент што ќе ве доведе до солзи, момент во кој ќе ја сфатите вашата вредност, завршување на врска во која не сте биле среќни, запознавање со некој што ќе ве гледа со поинакви очи.

Ако избравте ѕвонче

Време е да му кажете нешто на светот. Или барем на блиските. Предолго молчевте - сега е време да бидете гласни, дури тоа и да не им се допадне на другите.

Крајот на годината ќе ви донесе можност да создадете име за себе преку проект, некој настап, публикација, признание.

Во последните денови очекувајте повик што ќе ве однесе на следното ниво (приватно или деловно), некоја ваша идеја да се реализира, неочекувана популарност или признание, но и ќе сфатите дека тишината повеќе не ви служи.

Ако избравте пердув

Ви се водите од мотото дека е лесно да се откажете од некои работи, но подеднакво лесно е и да прифатите нови.

Вие се држите до тежината, болката, огорченоста, луѓето што заминале, плановите што никогаш не се оствариле.

На крајот на декември треба да се ослободите од нештата што ве влечат надолу или ве враќаат назад и да им отстапите место на нова врска, работа, ситуации.

Во последните денови очекувајте крај на болна ситуација,  олеснување по долго оптоварување, нови можности по ослободување од старите работи, чувство на радост.

Ако избравте кристал

Ова беше тешка година за вас. Уморни сте од борбата, од болката, од сè. Но, крајот на декември ќе ви ги покаже позитивните плодови од вашиот труд, зашто сè низ што поминавте - вредеше.

Станавте посилни, помудри, подлабоки и сега блескате. Овој период носи признание за вашата сила.

Во последните денови очекувајте резултатите за кои се боревте цела година, момент на гордост кога ќе знаете дека сте успеале во некој голем подвиг, почит и признание од другите, чувство на задоволство.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Квиз за попаметни од вештачка интелигенција: Што не е во ред со овие сцени? Дали вештачката интелигенција може да ве измами или веднаш забележувате дека неш...
Квиз: Дали имате добра меморија и ќе ги запомните ли сите детали? Погледнете ја кратко оваа есенска сцена и потрудете се да запомните што е можно ...
Што не е во ред со парот кој бара помош на пуст остров? На сцената се прикажани момче и девојка кои бараат помош на пуст остров, но нешт...
Само остроумни ќе погодат – која сенка му припаѓа на Иван? Прикажани се 4 силуети, а само една од нив е вистинската сенка на дечкото што ст...
Визуелен предизвик: Колкупати ја гледате буквата „Ѕ“ на сликата? Дали имате изострен вид? Само мал број луѓе можат да ги најдат сите букви „Ѕ“ на...

Најчитани неделава