Лоши навики од кои треба да се ослободите пред да наполните 30 години

Колку повеќе се приближувате до 30-от роденден толку е поверојатно дека веќе се имате ослободено од голем дел навики кои ви го труеле животот.

loshi-naviki-od-koi-treba-da-se-oslobodite-pred-da-napolnite-30-godini-001.jpg

Сепак, никогаш не можете да бидете сигурни дека во целост ќе ги отфрлите, но мора да се обидете.

Без разлика дали се чувствувате зрело или детинесто, размислете за следниве нешта кои можеби и вие ги правите:

Следите брза мода

Купувате неквалитетни парчиња поради пониската цена, но за брзо време се деформираат или избледуваат и личат како да сте ги наследиле од својата прабаба.

Подобра опција е да инвестирате во квалитетна облека, макар и имале помалку количински, но која може да се комбинира за повеќе пригоди.

Одржувате пријателства кои немаат смисла

Постојат пријателства со рок на траење, а кога тоа ќе се случи, излишно е да ги одржувате само од пристојност и во име на старите добри времиња.

loshi-naviki-od-koi-treba-da-se-oslobodite-pred-da-napolnite-30-godini-02.jpg

Се грижите само за физичкото здравје

Менталното здравје е важна ставка во вашиот живот. Што ви користи да сте во топ физичка форма, доколку ментално сте исцрпени и постојано под стрес?

Трошите време на неважни личности

Не се трудете околу оние покрај кои не ви е пријатно. Подобро е да имате мал број на луѓе кои ги сакате, отколку голем број минливи познаници.

Се обидувате на сите да им угодите

Тоа не е возможно, освен ако целосно се запоставите себе. Вашите најблиски ќе разберат дека ви треба слободен ден за да се одморите од сè.

loshi-naviki-od-koi-treba-da-se-oslobodite-pred-da-napolnite-30-godini-03.jpg

Се оставате без пари на крајот на месецот

Ова е интересно во студентските денови и додека уште немате стабилна заработувачка. Но, кога наближувате кон 30-та година од својот живот, треба да научите како да располагате со буџетот кој го имате.

Си дозволувате да се лажете за важни нешта

Освестете се - пешачењето од работа до дома не е физичка активност, ниту компирите се доволни за внес на зеленчук, а уште помалку 4 часа се доволни за да одморите ноќе.

Посветете се на своите цели и вложете труд, за да го постигнете она што го сакате.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg