7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат)
Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го мислат, без разубавување. Родените во август пак, се меѓу најискрените луѓе што ќе ги запознаете и не поднесуваат луѓе што не се однесуваат така.

Искреноста е една од највреднуваните особини на луѓето, независно дали станува за семејни, пријателски или љубовни односи.
Некои луѓе се повеќе искрени и дури не знаат да излажат ниту да ја прикријат и разубават вистината, други пак, можат да лажат без око да им трепне.
Според хороскопот, луѓето кои се родени во 7 конкретни месеци, не се снаоѓаат добро со лажење, па дури и да пробаат, нема да успеат во тоа, бидејќи искреноста им е пресилна особина.
Погледнете кои се месеците во кои се родени најискрените луѓе:
Август
Родените во август се меѓу најискрените луѓе што ќе ги запознаете. Искреноста е дел од нивниот морален кодекс и не поднесуваат луѓе што не се однесуваат така. Искрени се и кон себе и кон другите, а нивниот близок круг особено ја цени оваа особина.
Април
Како и август, родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го мислат, без разубавување. Познати се по тоа што работите ги нарекуваат со вистинското име. Попрво ќе ви ја кажат вистината директно, отколку да ве остават во недоречена вистина.
Декември
Родените во декември се можеби најискрените од сите. Иако нивната директност понекогаш може да им пречи на другите, нивните намери се секогаш искрени и често се ценети. Ретко лажат и не ја „украсуваат“ вистината.