Една работа што ви треба за кариерата вистински да ве исполнува, според месецот на раѓање

edna-rabota-shto-treba-vo-karierata-za-vistinski-da-ve-ispolnuva-spored-mesecot-na-ragjanje-02.jpg

Јули

Вие сакате емоционална поврзаност и да се грижите за другите.

За вас најдобри се позиции кои ќе ви дадат можност да ги поддржувате другите и да се грижите за нив.

Професијата како негувател, социјален работник, медицински работник и слично ви даваат можност да направите разлика во туѓите животи, а ова ги прави идеални за вас.

Август

Ако сте родени во август, тогаш сакате креативно да се изразувате, но и да добивате признание за вашиот труд.

Најмногу ви годат позиции на кои можете да водите и да ги покажете вашите таленти.

Кариерата во забавната индустрија, односи со јавноста или претприемништво ќе ви даде можност да блеснете, да ги инспирирате другите и, најважно, да се чувствувате исполнето.

Септември

Вие сте личност која е организирана и сака да обрнува внимание и на најситните детали.

Најмногу „ви лежат“ позиции кои бараат анализирање, решавање проблеми и прецизност.

Вистински ќе ве исполнува професија која вклучува истражување, но и професија во здравството – ова ќе ви даде можност да ја покажете вашата способност за анализирање и да го истакнете вашиот интелект.

Октомври

Ако сте родени во октомври, тогаш важно ви е во кариерата да има баланс.

Позиции кои бараат дипломатија и соработка се најдобриот избор за вас.

Ова значи дека најисполнето ќе се чувствувате ако изградите кариера во областа на правото, но и политиката.

Ноември

Вие не сакате површност и тежнеете кон длабочина.

Поради ова, најмногу ви лежат позиции каде што можете да барате под површината и да ја откривате скриената вистина.

Кариерата во психологија, истражување или претприемништво ќе ви помогне да се трансформирате, но и да се чувствувате исполнето.

Декември

Вие сакате слобода и истражување кога е во прашање вашата професија.

Најмногу се истакнувате на позиции кои вклучуваат авантура, учење, но и запознавање нови луѓе.

Ова значи дека најисполнето ќе се чувствувате со професија поврзана со патување, образование или издаваштво, бидејќи ќе ви ги прошири хоризонтите, но и ќе ви помогне да ги инспирирате другите.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
6 месеци во кои се родени луѓето со кои никогаш не е здодевно (и зошто ви требаат) Родените во декември се душата на секоја забава и луѓе што секој сака да ги има ...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
4 месеци во кои се родени луѓето кои денес треба да останат во пижами цел ден Родени во април: Денес едноставно не сте расположени за ништо. Сонцето сјае, тел...
5 месеци во кои се родени луѓето што имаат сосема поинаков карактер зад затворени врати Не се неискрени, туку едноставно не им веруваат лесно на другите. Отвораат срце ...

Најчитани неделава