3-те грешки што упорно ги повторувате оваа година, според месецот на раѓање

Јули
1. Живеете во минатото.
2. Не можете да се оддалечите од луѓето кои очигледно ве искористуваат.
3. Им дозволувате на гневот и тагата да ве обземат, наместо да размислите што можете да промените во вашиот живот.
Август
1. Луѓето кои се подобри од вас ги гледате како закана, наместо како некој од кој можете да научите.
2. Заборавате дека скромноста, а не горделивоста, е она што ќе ви помогне да созреете.
3. Пробувате да правите многу работи одеднаш, наместо добро да се организирате и да најдете време и за одмор.
Септември
1. Си дозволувате негативните мисли што ги имате за себе да ве обземат.
2. Мислите дека е нормално постојано да се критикувате, дури и за ситници.
3. Барате проблеми каде што нема.
Октомври
1. Трошите многу енергија додека се обидувате да им се допаднете на сите.
2. Лесно паѓате под туѓо влијание.
3. Не минувате време насамо и не си дозволувате да ги наполните батериите.
Ноември
1. Дозволувате љубомората да ве контролира.
2. Опседнати сте со совршенство, наместо да сфатите дека некои денови е доволно што само сте се потрудиле.
3. Вашите цели и желби ги чувате во тајност, наместо да побарате помош и поддршка од блиските.
Декември
1. Се надевате дека ќе се случи нешто добро, наместо само да преземете нешто.
2. Се убедувате дека мора постојано да сте среќни и расположени, дури и кога ви е навистина тешко.
3. Ги лажете блиските дека сте добри, дури и кога не сте.
Спирова С. | Црнобело