За што фантазираат хороскопските знаци?

Вага
Овој хороскопски знак фантазира за љубовта и за убавите моменти. Најчестите нивни фантазии изгледаат вака: будење со појадок во кревет кој го подготвил партнерот. Потоа следи одење во град и уште едно кафе, па ручек во ексклузивен ресторан. По завршувањето на ручекот, Вагата би сакала да прошета и да оди во шопинг, а вечерта е резервирана за тетарска престава и клуб со ВИП личности.

Скорпија
Скорпијата фантазира за страстни авантури. На Скорпијата никогаш не и е доста од перверзии, таа фантазира за тајна сексуална врска со личност од своето опкружување, од работа, или од соседството. Овие фантазии ги разработува до последен детал и обрнува внимание на целокупната атмосфера во која се одвива оваа возбудлива случка.

Стрелец
Овој хороскопски знак фантазира за патувања. Стрелецот често патува, но во фантазиите задолжително е вклучен и автомобил чија цена достигнува милионски цифри. Го замислува патувањето во егзотични далечни земји каде што запознава маж, или жена од својот живот кој/а толку ќе ги заинтересира што ќе му го задржи вниманието до крајот на животот.

Јарец
Овој хороскопски знак фантазира за непристапни предели во кои себеси се гледаат како истражувачи, или водачи на планински клуб. Организираниот и практичен Јарец ваквите работи ги доживува како сензација, бидејќи тој најмногу од сè сака да биде водач. Поради неговата строга дисциплина и работа, себеси се гледа и како генерал и војсководач на кралска чета.

Водолија
Водолиите фантазираат за купување на најнов модел на мобилен телефон од "X Y" – генерација кој е виден само во холивудските филмови. Водолијата сака да одвои цел ден за поправка на својот стар автомобил, а потоа да отиде со приајтелите на пијалак, па во ноќен провод. Бидејќи смета дека е најпаметна и дека е истражувач на векот, таа фантазира да стане новиот Кристофер Колумбо.

Риби
Овој хороскопски знак фантазира да се излежува и да има многу слободно време. Рибата замислува да се сонча и излежува на Азурниот брег додека згоден бармен, или келнерка им носат коктели. Бидејќи е најголемиот мрзливец во Зодијакот, најголема мечта им е до крајот на животот да не работат ништо, а парите да им паѓаат од небо.



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg