Најдобар хороскопски знак во кревет е...

Според желбата за секс, фантазиите и способноста за заведување, секој хороскопски знак си има посебно место во оваа листа. На некои повеќе им одговара Водолијата која сака да експериментира, или директниот Овен, а на некои нападната Девица.

najdobar-horoskopski-znak-vo-krevetot-e-01

Сепак, најдобар хороскопски знак во креветот е оној кој вам ви одговара најмногу.


Овен

Овој огнен знак е познат по својот директен пристап. Овенот нема да се воздржи за да ги сподели со вас своите најскриени фантазии. Единствен проблем со нив е тоа што тие сакаат веднаш да преминат на главната работа, па ако сакате малку подолга предигра, нема да ја имате таа среќа со Овенот. Но, на Овенот можете секогаш да сметате кога се работи за преземање на водството. Сепак, најчесто сè се одвива премногу брзо.


Бик

За разлика од Овенот, Бикот сака да ужива во сексот и да се движи побавно. Романтичниот почеток како вечера, или вино со свеќи е совршено за да го загреете. Штом Бикот се загрее, подгответе се за долга предигра, бидејќи тој сака да ве задоволува. Ако сте романтични, Бикот е совршен за Вас.


Близнаци

Близнаците ќе ја употребат цела своја интелигенција и духовитост за да ве освојат. Дури и кога нема да успеат ќе продолжат да ви ласкаат. Со нив е совршен сексот преку телефон, бидејќи сакаат да зборуваат и имаат бујна фантазија.

najdobar-horoskopski-znak-vo-krevetot-e-1.jpg

Рак

Раковите се многу емотивни, па главно не прифаќаат секс ако немаат силни емоции кон другата личност. Сексот за нив мора да биде убав, поетичен и топол. Ако најмногу ја цените нежноста во сексот, Ракот ви е совршен избор.


Лав

Страсната и авантуристичката природа на Лавот не може да се смири. Тој секогаш ќе наоѓа нови начини за да ве задоволи и вие да го задоволите него, но секогаш ќе сака да остане доминантен. Сексот со Лавот нема да можете да го заборавите, но немојте да се разочарате кога ќе сфатите дека вашето задоволство него секогаш му е на второ место во однос на неговото.


Девица

Срамежливата и внимателна Девица е изненадувачки слободна и дива во креветот. Резервираноста и приземноста не се однесува на нејзините потреби. Кога Девицата ќе стекне доверба во Вас, нема да имате ниеден мирен момент, барем кога се работи за сексот.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg