Скорпијата гази по луѓето, Близнаците раскажуваат едни исти приказни – навики што нè иритираат кај секој од знаците

Некоја ваша секојдневна навика веројатно ги иритира другите луѓе. Но, погодете што драги други луѓе: и вие имате лоши навики кои ги нервираат останатите околу вас.

Naviki-sto-ne-iritiraat-kaj-sekoj-od-znacite-01.jpg

Впрочем, секој знак од зодијакот се одликува со неколку сомнителни навики кои ги прават другите луѓе раздразливи и нервозни. Прашањето е колку сте свесни за нив и дали ги правите несвесно или намерно?

Дознајте малку повеќе за сопствените иритантни навики согласно вашиот хороскопски знак:

ОВЕН

Најлошата навика на Овенот е непромисленоста. Јазикот им работи побрзо од умот, па неретко кажуваат непромислени работи кои ги повредуваат другите луѓе.

Импулсивни се, не размислуваат многу се последиците, ниту пак ги земаат предвид идеите и мислењата на другите луѓе.

Кога Овенот ги иритира луѓето најмногу? Кога ги гледа останатите од височина со кренат нос и зборува за себеси, а ниту времето ниту пригодата не се соодветни за тоа.

БИК

Тврдоглавост и алчноста се двете навики на Бикот кои ги иритираат луѓето во нивна близина. Кога Бикот ќе замисли нешто, никој и ништо не може да му застане на патот. Не помислувајте да советувате да се откажат. Тоа е исто како да се расправате со ѕидот пред вас.

Биковите нема да запрат додека не го добијат тоа што го посакуваат. Понекогаш се и мрзеливи и тоа прилично иритира додека вие ја работите целата работа, а тие си мирно си седат на каучот и дофрлаат совети како поефикасно се завршува работата.

БЛИЗНАЦИ

Иако одлично знаат да комуницираат, една од поиритантните навики кај Близнаците е тоа што тие понекогаш се преправаат дека слушаат, кога всушност немаат поим за што им зборувате.

Одлично умеат да се преправаат дека се добри слушатели, кога всушност нивниот ум е некаде на сосема друго место.

Уште една лоша навика: понекогаш забораваат дека ви кажале некоја приказна и започнуваат да ја раскажуваат повторно, особено доколку учтиво им навестувате дека веќе ви е позната таа сторија.

РАК

Бидејќи Раковите се прилично чувствителни по природа, најчесто имате чувство како да „газите по јајца“, само за да не кажете нешто што ќе ги навреди и растажи. Што е прилично иритирачко чувство.

Исто така, Ракот има навика да се залепи до вас бидејќи му треба потпора и заштита, и да направи да се чувствувате како да сте единствениот што може да ги спаси.

Впрочем, сите ја мразат нежната природа на Раковите која ги прави големи плачковци.

ЛАВ

Ако другите луѓе преживуваат на кислород, вода и храна, Лавот може да живее од внимание и комплименти. Понекогаш, нивната потреба за (само) фалби е толку голема, што другите луѓе превртуваат со очите на ваквото однесување.

Иритира моментот кога Лавот одбива да го подели центарот на вниманието со некој друг. Тие имаат потреба да се секогаш главни и немаат добро мислење за никој друг, освен за себе.

ДЕВИЦА

Доколку нивната рутина се наруши или пак нешто не е на своето место, Девиците може да направат вистинска драма, што ги плаши и нервира другите луѓе.

Девиците сакаат да имаат целосна контрола во секоја ситуација, а доколку не се во можност да се шефови, стануваат раздразливи и неподносливи.

Исто така, една од полошите навики е што имаат потреба постојано да кажуваат колку се паметни и способни и дека имаат решение за секој проблем.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg