Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак?

Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја завршат задачата, тие ќе се вкопаат во место и за инает нема да прават ништо.

shto-najmnogu-mrazite-no-ne-priznavate-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Исто како што ѕвездите и хороскопскиот знак влијаат одредени работи повеќе да ги сакате од останатите, астролозите веруваат дека постојат и предиспозиции за тоа кон што чувствувате аверзија и не можете да го поднесете.

Секој хороскопски знак има по една работа што не може да ја поднесе, но се труди да ја прикрие аверзијата.

Која работа вие ја мразите најмногу, според хороскопот?

Овен

Кога им велат да „се смират“ и дека се нетрпеливи

Овните ретко кога знаат да ги скријат своите вистински емоции и најчесто директно ќе ви кажат што е она што го сакаат, а што не.

Со оглед на тоа што нивен владетел е Марс, клучните зборови под кои тие оперираат се: „сега, брзо, победа и мое.“

Иако имаат голем број други доблести, трпеливоста не е меѓу нив.

Овенот најмногу мрази да чека редици, некој да им каже дека треба да дишат длабоко или дека е премногу импулсивен.

Со фразата: „Смири се“ на Овните само им долевате бензин на огнот и наместо да ги смирите, правите уште повеќе да избувнат.

Дополнително, тоа се луѓе што не прифаќаат пораз, па втора работа што најмногу ја мразат е да губат.

Бик

Кога некој им кажува што треба да прават

Биковите сакаат кога работите ги прават со сопствено темпо и ако некој им даде небаран совет или непотребна наредба, тие се закочуваат.

Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја завршат задачата, тие ќе се вкопаат во место и за инает нема да прават ништо.

Ова давање отпор постои без разлика дали тоа што ги советувате е за нивно добро или не.

Исто така, мразат ако некој ги послужи со лоша храна, кога штедите на излегување со нив, ако не можат да заспијат, но и ако забележат дека пријателите се трудат да останат неутрални и не сакаат да заземат ничија страна, кога гледаат кој е во право.

Близнаци

Тишина

Нивен владетел е Меркур, планетата на комуникацијата, па затоа воопшто не зачудува фактот што Близнаците се најсвои кога се вклучени во разговори што им овозможуваат да научат нешто ново.

Воопшто не е важно со кого и за што разговараат, сѐ додека околу нив нема тишина.

Близнаците не поднесуваат да бидат сами и заробени во сопствените мисли, иако многупати токму тишината и осаменоста се она што им е неопходно во моментот.

Рак

Кога некој ги искористува или ги критикува

Важат за луѓе што неизмерно сакаат да се грижат за другите, но сакаат кога луѓето ќе им се заблагодарат за тоа што го прават за нив. Да нема недоразбирања, Раковите не сакаат да им вратите во иста мерка, туку само да им го признаете трудот.

Ако забележат дека некој само ја искористува нивната добрина Раковите или целосно ќе станат студени кон него, или ќе избувнат и притоа таа личност лесно ќе се најде на нивната „црна листа“ на непосакувани лица.

Исто така, лесно може да се налутат и за најмалата критика, а не можат да поднесат луѓе што во последен миг се откажуваат од плановите и целите.

Лав

Да бидат игнорирани

На прв поглед делуваат мошне смели и полни со самодоверба, но ова се луѓе што во голема мера се презираат себеси.

Заради нивната потреба постојано да бидат во центарот на вниманието, овие луѓе честопати се среќаваат со критики дека треба да бидат поумерени, заради што кај нив може да се јави чувството дека се истовремено и напорни, но и недоволни.

Многу често тие во јавноста го покажуваат само тоа што би сакале да бидат, а во себеси кријат чувство на сомнеж во сопствените способности.

Тие исто така се алергични кога некој ги потиснува или ги исклучува од средината, па знаат некогаш и да се однесуваат како деца само за да привлечат внимание.

Девица

Неефикасност, кога чувствуваат дека не се потребни и некој не ги слуша

Ова се луѓе што сакаат да чувствуваат дека се од корист и кога немаат одредена цел или некој проект за да се подобрат, може да им се случи да станат самодеструктивни.

Нивна главна карактеристика е тоа што знаат да препознаат како луѓето и системите може да се подредат за да постигнат успех и кога некој не ги слуша нивните совети, Девиците веднаш почнуваат да го мразат.

Со оглед на тоа што мразат неефикасност, Девиците нема да ги видите со непроверени соработници или брендови.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg