Љубовен хороскоп за март 2019: Стрелците ќе се смират со бившите, Вагите ќе влезат во врска без обврски

Месец март носи нови предизвици, промени и случувања на љубовно поле за секој хороскопски знак.

ljuboven-horoskop-za-mart-2019-strelcite-kje-se-smirat-so-bivshiot-a-vagite-kje-vlezat-vo-vrska-bez-obvrski-01.jpg

Каква ќе биде љубовната ситуација на зафатените и дали слободните може да очекуваат промени на љубовен план?

Прочитајте го вашиот хороскоп за месец март:

Овен

Ако сте во врска:

Можно е да дојде до заладување на односите со партнерот и оддалечување, а ќе чувствувате голема потреба за промени во врската. Ќе бидете склони кон чување тајни и ќе имате недостаток на јасна комуникација, што може да доведе до нестабилност. Во втората половина постои шанса за подобрување на односите, планирање заеднички активности и зајакнување на страстите.

Ако сте слободни:

Во поголемиот дел од месецот ќе бидете расположени за забава и авантура и нема да бидете заинтересирани за  почнување нешто сериозно. При крајот на месецот постои можност да запознаете личност која ќе ви привлече внимание повеќе од било кој претходно, а ќе ви се допаѓа начинот на кој ви влијае. Ќе се запознаете подобро и веројатно ќе почнете да го менувате мислењето за врска.

Бик

Ако сте во врска:

Обрнете повеќе внимание на социјалниот живот и дружете се со пријатели, бидејќи љубовниот живот почнува да ви запаѓа во монотонија. Одете заедно на настани, забави или патувања, потрудете се повеќе внимание да поминувате заедно, но тоа да не биде дома. Во втората половина на месецот ќе испливаат на површина потиснатите чувства и ќе бидете склони на бурни реакции. Со поддршка од партнерот ќе почнете емотивно да се отворате.

Ако сте слободни:

На почетокот на март ќе запознаете неколку личности кои ќе ви привлечат внимание со својот став, принципи и пристап, што ќе ве изненади пријатно, бидејќи долго не сте биле во друштво на квалитетни потенцијални партнери. Тоа ќе ве мотивира да се покажете во најдобро светло, па ќе оставите позитивен впечаток кај некој од нив, што ќе има одличен резултат и влијание за вашиот љубовен живот.

Близнаци

Ако сте во врска:

Избегнувајте држење тајни од партнерот бидејќи лесно може да бидете откриени, а тоа ќе доведе до негативни последици. Внесете фантазија и зачинете го љубовниот живот со заеднички активности. Пробувајте нови работи и партнерот ќе ги дочека со целосно одобрување. Можни се мали несогласувања околу заедничките планови, но двајцата ќе имате потреба од повеќе друштвени активности и подобрување на љубовната состојба.

Ако сте слободни:

Ќе ве привлече личност која по природа е забавна и полна со идеи, а во исто време нестабилна, кога станува збор за емоции. Единственото нешто што може сигурно да го имате е авантура, сè останато е ризик. Ќе имате можност да поминете кратко време заедно и ќе ја искористите, а освен добрата интимна поврзаност, ќе забележите дека имате повеќе заеднички работи, па тоа ќе ве натера да ѝ дадете шанса. Не очекувајте голема посветеност.

Рак

Ако сте во врска:

Ќе почнете да внесувате во врската нови активности и ќе чувствувате потреба да излезете од секојдневниот, здодевен шаблон по кој живеете. Пред да дојде до заладување на односите, предложете нови заеднички и друштвени активности кои ќе ја зачинат љубовта. На почетокот може да наидете на отпор, но бидете упорни и не дозволувајте изговорите да ги одложат вашите планови.

Ако сте слободни:

Имате желба да запознаете некој кој ќе се издвојува со своите квалитети пред другите кои не успеале да ве привлечат доволно. Можно е токму таква личност да запознаете на патување или на некое сосема неочекувано и несекојдневно место. Проширете ги хоризонтите и не се ограничувајте ако сакате да ја остварите желбата.

Лав

Ако сте во врска:

Ќе бидете мотивирани да внесете нешто ново и квалитетно во врската, а пристапот ќе ви биде прифатен. Ќе имате повеќе иницијатива за заеднички активности, а со предлозите ќе го мотивирате и партнерот да вложува повеќе време во зближување со вас. Потребна ви е опуштена атмосфера и отворени разговори, но очекувајте и конфликт околу заеднички цели. Избегнувајте љубоморни испади.

Ако сте слободни:

Ќе имате зголемена потреба да запознаете оригинална личност која ќе ви ги разбуди и најдлабоките емоции. Ќе бидете склони кон послободни љубовни авантури и нема да сакате да почнувате вообичаени шаблони по кои ќе се водите. Но, кон средината ќе запознаете некој чии квалитети ќе ви одговараат на потребите, па постои можност да го промените мислењето и да тргнете кон нови искуства.

Девица

Ако сте во врска:

Врската ќе ви биде исполнета со многу случувања и ќе ја покажете својата романтична страна. Ќе ви се подобрат и интимните односи со партнерот, а конечно ќе си го посветите потребното внимание. Сепак, можни се несогласувања во комуникацијата, а кон крајот на месецот ќе внесете квалитетни промени кои ќе придонесат за постепено ослободување од она што влијае негативно на врската.

Ако сте слободни:

Очекувајте запознавање со личност која ќе биде прилично поразлична од вас, но токму тие разлики ќе ве привлечат еден кон друг. Ќе ви се пробуди љубопитноста да пробате некој нов тип на личност од оние на кои сте навикнати, па може да си дадете шанса. Разликите ќе бараат многу компромис и приспособување еден на друг, па бидете подготвени на тоа.

Уште 6 знаци на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак? Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg