Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете мета на постари заводници

Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средбите ќе ви бидат преполни со страст и интриги. Можно е да запознаете нова, интересна личност на некое патувањe, а потоа таа случајна средба да се претвори во нешто подлабоко.

ljuboven-horoskop-za-septemvri-2023-bliznaci-kje-prodolzhite-so-intenziven-flert-vagi-kje-bidete-meta-na-postari-zavodnici-01.jpg

Што ви носи почетокот од есента, кому нова љубов, кому љубовни разочарувања, а кому флерт со најнеочекуваната личност на светот?

Ќе ставите ли крај на вашите „бубачки“ во главата и ќе им дозволите ли на аморовите стрелички да ве погодат во срце?

Љубовен хороскоп за септември 2023:

Овен

Ако сте во врска:

Некако не сте заинтересирани за љубовната врска или пак така сте расположени затоа што вашиот партнер ве иритира со тоа што оди од крајност во крајност – или е сосема незаинтересиран или е посесивно љубоморен. Некое онлајн познанство и допишување ќе биде предизвик за вашиот однос, но на крај љубовта ќе победи, односно ќе сфатите дека сепак покрај себе го имате тоа што го сакате.

Ако сте слободни:

Ориентирани сте кон личност која живее во друг град или држава. Токму тој однос е нешто кое одамна си го посакувавте. Подгответе се за период полн со изненадувања на љубовен план. Ќе имате многу средби со луѓе од различен тип и од сите страни ќе бидете опсипувани со аморови стрелички.

Бик

Ако сте во врска:

Дури и неодамна да ставивте крај на врската, нема да размислувате на тоа туку ќе се фокусирате на дружбите со пријателите. Но, ако ѝ дадовте втора шанса на љубовта, одлично е што не носите избрзани заклучоци. Ќе заборавите на идејата за авантура на некое патување и ќе ѝ се посветите комплетно на личноста што ја сакате.

Ако сте слободни:

Ако сте од оние Бикови кои сакаат возбуда, тајни средби и невозможни ситуации, тогаш овој месец ќе ви биде совршен. Може дури и да имате драматична средба на јавно место со личност, која одамна ви се допаѓа.

Близнаци

Ако сте во врска:

Ќе имате многу изненадувања на љубовен план, а ако сте во врска со личност која е авантурист, нема потреба од војување, само повлечете се малку настрана. Ќе ви годи заеднички да отпатувате некаде. Не мешајте ги родителите во врската или некои трети лица, вината барајте ја само во вашиот недостиг од толеранција.

Ако сте слободни:

Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средбите ќе ви бидат преполни со страст и интриги. Можно е да запознаете нова, интересна личност на некое патувањe, а потоа таа случајна средба да се претвори во нешто подлабоко.

Рак

Ако сте во врска:

Во овој период ќе бидете растоварени од проблемите со кои се соочувавте во изминатиот период. Дури и да имавте огнени несогласувања со партнерот, сега ќе ги оставите позади вас. На прво место ќе ви биде потребата од хармонија и духовен мир, па ќе се обидете да се прилагодите.

Ако сте слободни:

Ќе ви се чини дека некој од околината сака да ви наметне дисциплина и тоа нема да ви се допадне. Наместо да се фокусирате на барање љубов, вие ќе бидете на воена нога со сите, но некоја сакана личност од семејството ќе ви ги отвори очите. Дури тогаш ќе го пронајдете тоа што го барате.

Лав

Ако сте во врска:

Со авторитетниот и наметлив пристап во љубовната врска, можно е да предизвикате конфликти со партнерот. Ќе се испрашувате еден со друг каде сте биле минатото лето и какви врски сте имале порано. Нема потреба од тоа, фокусирајте се на сегашноста и уживајте во љубовта.

Ако сте слободни:

Периодов нема да биде добар за вас ако сте од оние нетрпеливите припадници на знакот кои по секоја цена сакаат да ја освојат личноста што им се допаѓа. Мора да пристапувате повнимателно, ако не сакате да постигнете спротивен ефект. Исто така, можно е да се вљубите во личност од друга земја.

Девица

Ако сте во врска:

Ќе влезете во малку напорен период од љубовната врска, ако имате на ум да ја докажувате својата моќ врз партнерот. Од друга страна, ако ја средите комуникацијата, можно е да дојде дури и до официјализирање на врската. Попуштете барем во некој аспект, иако ќе чувствувате дека партнерот ви го става трпението на тест.

Ако сте слободни:

Ќе бидете многу активни и ќе влегувате во разни авантури, особено со луѓе од работното место. На вашиот шарм можно е да падне некоја униформирана личност или личност која е многу посветена на кариерата. Не носете долгорочни одлуки, според моменталните импулси.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак? Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg