Хороскопот и неверството

Вага
Вагите обожаваат да флертуваат и флертуваат цел живот. Секој партнер на фаталната Вага знае однапред со кого има работа и каков е партнерот. Со овој знак можете да очекувате сешто. Кога изневерува ќе се забележи по тоа што многу повеќе се грижи за својот изглед. Неверството никогаш ни за жива глава нема да го признаат, но ќе кажат како биле навлечени. Едноставно, заведувањето е нивна омилена дисциплина од која никогаш нема да се откажат. Ретко која Вага останува верна на својот партнер, а штом здогледа згоден примерок го губи разумот.

Скорпија
Скорпиите пробуваат сè да контролираат како би го заобиколиле неверството, но доколку на другата страна им стои силна личност, сета сила и моќ на Скорпиите паѓа во вода. Многу од нив не поднесуваат неверство, па така тешко и би се носеле со своето.

Стрелец
За Стрелците, сексуалноста е нешто налик на рекреација. Ретко кој знак во зодијакот е таков авантурист како Стрелецот. Кај нив за ништо нема ограничувања, а доколку некој им ги наметне, таа личност станува минато. Сакаат да пробаат сè што е забрането, а поради неверството за кое имаат потреба, ретко се задржуваат долго во брак. Доколку љубовта помеѓу Стрелецот и неговиот партнер ја снемало, нема скоро воопшто да се труди да ја врати. Стрелците се неограничени и тежат кон лично задоволство.

Јарец
Единствен начин Јарците да почнат со изневерување е да бидат незадоволни, или доколку во себе имаат вишок алкохол. Друг начин нема. Ако дојде до неверство тогаш речиси сигурно доаѓа до развод или прекин на врската. Доколку Јарецот остане со партнерот и откако ќе исчезне страста, во прашање се само виши сили, на пример деца. Јарците никако не поддржуваат неверство и авантура. Тие се вечни амбасадори на верноста и често знаат да ги осудат оние кои изневеруваат.

Водолија
Оние кои ги сакаат своите Водолии никако не смеат да си дозволат во нивната врска да влезе монотонијата. Доколку во нивното секојдневие завладее рутина, заборавете на вашата Водолија. Тие го сакаат животот, па ќе им допуштат на другите да го живеат. Голема е веројатноста дека Водолиите ќе го изневерат партнерот штом стапат во брак. Водолиите се со слободен дух и секого околу себе го сметаат за пријател. За многу Водолии авантурата е составен дел од животот бидејќи живеат живот во игра. Штом забележите дека Водолијата покрај вас молчи, нека ви биде јасно дека веќе не сте интересни и дека наскоро ќе се впушти во нова авантура.

Риби
Рибите едонставно обожаваат да изневеруваат во тајност. Се претставуваат како сосема невини, а подлабоко се всушност вистински перверзни. Ретко кој може да ги прочита и разбере. Често и самите не знаат што им треба и што сакаат. Во прељуба се впуштаат во подоцните години. Постојаните партнери многу брзо им здосадуваат, па нема долго да чекаат за освојување на туѓа територија.



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg