„Злобен“ хороскоп без „влакна на јазикот“ со темните страни на секој од знаците – Близнаците се површни, Биковите скржави

Вага

Досадна и полна со себеси, Вагата најголемиот дел од денот го поминува пред огледалото, воодушевувајќи се на сопствената убавина и занесната насмевка. Бидејќи е исклучително неагилна, Вагата се провлекува некако со својата убавина, што со текот на годините станува сè потешко.

Сонот на овој хороскопски знак е богато да се омажи/ожени и да не работи ништо. Освен што ја нервираат околината со својата неагилност, ги излудуваат најблиските со тоа што постојано бараат совети од нив, бидејќи не се способни едноставно да пресечат и самостојно да донесат каква било одлука.

Скорпија

Жив манипулатор кој светот го набљудува од негативната страна и на сите околу себе им го расипува расположението. Исклучително се интелигентни, но мудроста ја користат за да уништуваат луѓе или за да се одмаздуваат. Треба да се напомене дека Скорпијата ќе ви нанесе болка само доколку ја погледнете накриво, а доколку навистина ја понижите, таа ќе ја насочите сета своја енергија да ве уништи и да ве срамни со земјата.

Љубоморни се, посесивни, па честопати кришум му го проверуваат телефонот на партнерот и му ги читаат пораките. Доколку партнерот сменил едно зборче со некоја друга сомнителна личност, црно му се пишува. Скорпиите се толку многу опседнати со сексот, што меѓу нив се кријат вистински секс-манијаци.

Доколку не се обидуваат да ве одвлечкаат во кревет, ќе ве „удават“ со приказни за смртта, задгробниот живот, духови, минатиот живот и останати мрачни работи што за Скорпиите се вечен извор на инспирација.

Стрелец

Боеми кои живеат од денес за утре, генерално на грбот на другите луѓе. мрзеливи, но сакаат удобен живот, па честопати ќе се залепат за некој многу поспособен и побогат од нив што ќе им го овозможи сето тоа. Во овој знак честопати се раѓаат т.н. гатачи, тренери на кучиња и мачки, life coaches, односно ќе работат професии преку кои лесно ќе може да ја прелажат околината и да дојдат до пари без многу напор.

Зборлести се, напорни и честопати имаат чудна, детинеста смисла за хумор која никој не им ја разбира. За себе љубат да кажат дека се филозофи со душа на поети, а всушност се неработници кои најмногу сакаат да ги малтретираат луѓето со „длабоки“ теми отколку да се фатат за работа.

Јарец

Тврдоглави скржавци кои радо би изгубиле бубрег отколку едно денарче. Никако не им се обраќајте доколку ви се потребни пари на заем. Главната цел во животот им е да потрошат што е можно помалку пари, па честопати се хранат кај роднини и пријатели и се гордеат со овие факти. Иако живеат скромно, имаат огромни заштеди кои не смеат да се чепнат по ниту една цена.

Освен што се исклучително скржави, Јарците се и мизантропи и ги сметаат сите луѓе околу нив за досадни и глупави. Песимистички се, цинични, успеваат на сите да им го расипат расположението, а единствено ги толерираат оние за кои сметаат дека наскоро ќе го напуштат овој свет и ќе им остават некое наследство.

Водолија

Лажни хуманисти и алтруисти, а животната цел им е да основаат секта на којашто ќе бидат водачи. На тој начин ќе им се исполни најголемата желба – да заработуваат многу пари на грбот на наивни, слаби луѓе. Се однесуваат како лажни пророци и за себе сметаат дека се неверојатно згодни и харизматични луѓе.

Убедени се дека имаат во себе некаква уметничка жичка којашто никој не ја разбира поради недоволната духовност како нивната. Се гордеат со својата харизма, но во основа се многу себични луѓе кои помагаат некому само кога знаат дека ќе имаат двојно поголема корист.

Риби

Губитници и денгуби кои живеат со лажно уверување дека се поети и романтичари. Вистината е дека се неработници кои би читале поезија по цел ден, наместо да ја фатат мотиката во рака. Честопати кога се во алкохолизирана состојба прават глупости, кои, рака на срце, би ги направиле и кога се сосема трезни.

Честопати не умеат да направат разлика помеѓу реалноста и фантазијата, па им се случува да се вљубат во некого на Инстаграм или Фејсбук само од слика, иако никогаш не се запознале со личноста. Понекогаш праќаат романтични, а понекогаш и заканувачки пораки, делуваат нестабилно со главата постојано нурната во облаци.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
6 хороскопски парови кои ќе имаат најепска љубов (и зошто) Овен и Стрелец – авантуристите: Тие се страсни, огнени и подготвени се да го осв...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg