Љубовен хороскоп за јуни 2022: Девици – доста ви е од лоши флертувачи, Ваги – ја одржувате врската во живот

Водолиите ќе запознаат личност која ќе доминира со нив, а нема да забележат бидејќи ќе ги маѓепса и заслепи. Можно е оддалечување и од пријателите. Какви љубовни турбуленции го очекуваат вашиот хороскопски знак?

ljuboven-horoskop-za-juni-2022-devici-dosta-vi-e-od-loshi-flertuvachi-vagi-ja-odrzhuvate-vrskata-vo-zhivot-01.jpg

Кај повеќето хороскопски знаци во јуни се очекуваат благи несогласувања, а најхрабрите ќе успеат да ги надминат.

Но, што е со слободните? Кој ќе ја пронајде сродната душа, а кој го става на пауза љубовниот живот во јуни?

Овен

Ако сте во врска:

12 јуни ќе биде денот од кој ќе станете помотивирани и поттикнати да ги искажете емоциите кон саканата личност, за кои ниту самите не сте знаеле дека постојат скриени во вас. Во втората половина на месецот кратко ќе има фаза на заладување на односите, а веднаш потоа ќе се јави потреба за повеќе интимни моменти. Ќе остварите некоја заедничка цел. Добро ќе се разбирате и ќе разговарате на важни теми.

Ако сте слободни:

Првата третина од месецот ќе ви пројде во знакот на забавата и честите излегувања со друштво. Но, никако некој да ви привлече внимание како потенцијален партнер. Дури кон средината на месецот изненадно може да се појави некој кој ќе ве освои со својот оригинален пристап. За кратко ќе се впуштите во интимни односи, а до крајот на јуни веќе може да започнете врска.

Бик

Ако сте во врска:

Првата половина од јуни ви носи мирен љубовен и семеен живот. Ќе имате повеќе време за саканата личност и интимни моменти во пар. Се очекуваат повеќе разговори кои ќе ви го освежат односот и ќе ве зближат. Подготвени сте да се соголите емоционално, но и да пружите поддршка. Можни се мали несогласувања околу некои заеднички цели. Во втората половина ќе бидете посветени на заеднички излегувања во друштво и патувања. Кон крајот на месецот ќе постигнете компромис за заедничка цел.

Ако сте слободни:

Имате потреба да се повлечете и повеќе да се посветите на себеси и на сопствените цели и потреби. Некој период не наоѓате некој кој би ве заинтересирал за емотивна врска. Првата половина од месецот ќе ви помине во прошетки во природа, подготовка на добра храна и уживање. Кон крајот на месецот можно е работите да се превртат наопаку и некој да ве привлече со својата страсна енергија.

Близнаци

Ако сте во врска:

Најголемиот дел од месецот ќе го поминете во интимни моменти со саканата личност. Нема да имате голема потреба за излегувања и забави, а ќе ви годи мирот и размената на емоции. Можно е кај некои припадници на знакот средината на јуни да донесе нешто ново во односот со партнерот и да покажете страна која досега сте ја криеле. Ќе покажете иницијатива, а партнерот ќе биде фасциниран.

Ако сте слободни:

Првата половина од јуни ви поминува без некои посебни случувања, па дури ќе ви биде и по малку здодевно. Ќе ви годат повремени излегувања со пријателите, но никој не ве привлекува емотивно. Кон крајот на месецот може да наидете на комуникативна и паметна личност, со која добро ќе се разбирате во повеќе области. Може да дојде до обострана заљубеност.

Рак

Ако сте во врска:

Почетокот на месецот носи благо заладување на односите со партнерот. Ова нема да донесе до сериозни пречки, но ќе треба да обрнете повеќе внимание на потребите на саканата личност. Фокусирајте се на заеднички цели за да ја одржите врската стабилна, затоа што во втората половина се предвидува уште посилно оддалечување. Дури кон крајот на месецот е можно да постигнете напредок во остварување на заедничките цели.

Ако сте слободни:

Првата половина од месецот ќе ви биде празна и неисполнета на поле љубов. Колку и да сакате да запознаете некој што ќе ве привлече, ќе наидувате на личности кои не се по ваши критериуми. Дури кон крајот на месецот ќе ви се отвори шанса за запознавање на личност кој ќе ви делува привлечно и со која ќе имате слични ставови и животни цели. Уште на прв поглед ќе се создаде хемија помеѓу вас.

Лав

Ако сте во врска:

Можни се мали заладувања во односите со саканата личност, но освен тоа, нема да имате сериозни несогласувања и проблеми. Односот ќе ви се темели на почит и меѓусебно поддржување, додека емоциите нема да бидат премногу истакнати. Посветете се на решавање на овој недостаток. Кон 18 јуни може да дојде до несогласувања заради обострана тврдоглавост. Ако најдете заеднички јазик, ќе имате шанса за патување кон крајот на месецот.

Ако сте слободни:

Во првата декада од месецот може да запознаете личност која е многу оригинална и поразлична од сите други во вашата околина. Ќе ве привлече затоа што ќе чувствувате дека во себе крие нешто што е многу сродно на вашите потреби од љубовта. Нема да погрешите ако дадете шанса подобро да се запознаете. Може да резултира со почеток на долга врска.

Девица

Ако сте во врска:

Првата половина од месецот ќе помине во мирна и складна атмосфера, но нема да опадне динамиката. Тоа ќе ви годи затоа што не сакате целосно да западнете во монотонија и ви се допаѓа кога имате темпо кое треба да го одржувате. Партнерот нема да има замерки и не бара премногу внимание, а заедничкото време ќе ви минува во разговори и надминување на некои несогласувања.

Ако сте слободни:

Првата половина од месецот ќе ја поминете во повремени излегувања со пријателите, но нема да има нови познанства затоа што никој не ви привлекува внимание во доволна мера. Може да ве привлече некој со оригинален пристап, необичен стил и кој јасно ги покажува своите намери со вас. Доста ви е од лош флерт.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак? Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg