Кога врне, јас се смеам!

Секој има своја причина поради која се смее без причина.

koga-vrne-jas-se-smeam-2

Мојата причина е врнењето, без разлика дали дожд или снег, би прифатила и град, повторно би се смеела дури и да ме удри во глава некое камче од небото, тоа би го прифатила како среќен знак од Бога.

Кога врне јас се смеам, можеби се прашувате зошто...

Затоа што дождот е оној што ги измива улиците, покривите, оградите на нашите куќи, затоа што дождот е оној што ја измива душата, затоа што го гледаме сите, го чувствуваме на наша кожа, затоа што дождот го гледа тој што го сакаш, а го немаш, затоа што дождот го чувствува тој што не е до тебе повеќе, исто како и ти.

Тоа е она што останало заедничко, знаеш дека со некого си под исто небо иако не си под ист покрив.

Кога врне, јас се смеам, бидејќи знам дека и тој се смее, го сака дождот, знае дека кога врне седам стуткана во ќебе на мојата омилена фотелја со книгата или кафето во раце, можеби нашите спомени во раце.

Знае дека во тмурните врнежливи денови размислувам за него, знае дека не се помрднувам од нашиот праг. Повторно згрешив, реков нашиот, сега е мој, а беше заеднички.

Кога врне, јас се смеам бидејќи во тие ноќи кога капките тивко се тркалаат низ олуците и чукаат во ритамот на моето срце забрзано, мислите наши се среќаваат, се испреплетуваат старите чувства кои замреле можеби и умреле, но дождот е тој што ја има таа сила да ги оживее повторно.

Реков снег, бидејќи го дочекавме првиот снег заедно, но ќе го испратиме последниот одделно.

Кога врне снег, јас се смеам затоа што таа вечер заедно се смеевме кога изненадно се појави на нашиот праг, уживавме како деца правејќи ангелчиња фатени за рачиња како во детските денови.

Споменав и град бидејќи тој е исклучителна појава, кога времето е многу студено, капките во облаците замрзнуваат и паѓаат кршејќи се на влажниот асфалт како моето срце тоа утро.

koga-vrne-jas-se-smeam-3

Не залудно рекле, дека тие што најмногу се сакаат доживуваат најладен крај.

Кога врне, јас се смеам, но не за да ги прикријам солзите и горчливата насмевка која ми го нагризува срцето, се смеам бидејќи знам дека повторно ќе огрее сонце, повторно ќе дојде пролет, лето...

А до тогаш, сеќавањата веќе ќе избледнат, можеби некогаш ќе се појават како пролетен или летен дожд на кој нема да се смеам.

Ќе си шепнам себеси, кога врне, јас плачам, бидејќи болката замре, но лузните останаа, а дождот е единствен кој може да го излади нивното печење, барем за кратко...

Автор: Д.М | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg