Каков фиксен телефон имавте на времето? (фото)

Во технолошката ера во која живееме, кога секојдневно излегуваат нови модели на мобилни телефони, ајфони, компјутери и најразлични апликации со кои може да контактирате меѓусебно, времето на домашните фиксни телефони се чини многу далечно.

kakov-fiksen-telefon-imavte-na-vremeto-foto-01

Дел од генерациите кои биле родени пред деведесеттите веројатно сè уште се сеќаваат на бучното ѕвонење на зелените телефонски апарати кои беа најчести.

За секое вртење беше потребно малку повеќе време од денешното кликање на името од контакти.

Тогашните телефони немаа меморија за зачувување на броевите, туку сите беа запишани во именик.

Ако има пречки во мрежата или не се слуша добро се вртеше неколку пати нулата.

Многу беше подраматично исклучувањето кога сте лути со буквално „трескање“ на слушалката кое останува да му „ѕвони“ во ушите на оној од другата страна.

Прислушувањето со двојници беше секојдневие. Но, се препознаваа сите звуци кои го менуваа разговорот, па се прекинуваше или следуваше тропање на ѕидот и викање за да се спушти од другата страна.

За да не стоите на едно место се пуштаа долги кабли, па да можете да се шетате низ цела соба.

Сето тоа е дел од едно минато на кое сега се сеќаваме со малку носталгија.

Можеби досега не сте знаеле или не сте забележале, но повеќето такви телефони кои ги имаше во неколку модели и истите беа распространети низ цела Југославија се производство на фабриката „Искра“ од Крањ, која е основана во март 1946 година.

Првиот домашен телефон од „Искра“ се појавил во 1949 година и бил копија на Simens OB33, а најмногу се користел во југословенските пошти и железници.

Постепено како напредувала технологијата така се менувал и дизајнот за да се дојде до еден од најпродаваните и најкопирани модели на фиксен телефон од „Искра“, многу потенок од претходните, кој е продаден во 300 милиони примероци и зачуван е во њујоршкиот музеј за модерна уметност и минхенскиот музеј за современа уметност.

Се сеќавате на некој од овие фиксни телефони?


Каков имавте вие?

Би можело да ве интересира:

CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
„Ние младите многу скроламе по телефоните, малку живееме, дури ни љубов не водиме“ „Трчаме по некакви Инстаграм фантазии, имаме нереални очекувања. Многу мои врсни...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...
Остававме пораки под клупа на симпатијата - Работи што будат носталгија кај сите што растеа пред моб... Дали сте од онаа генерација што растеше пред мобилните телефони, излезени надвор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg