Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Времето се тркала како по удолница без твоето рамо до мене

Како тргнало времево да брза како низ удолница да го пуштиле да се тркала. И така Земјата секој ден се врти и не сфаќам како не и се сврте во глава...

Vremeto-se-trkala-ko-po-udolnica-bez-tvoeto-ramo-do-mene-01.jpg

Минува ден први, ден втори... Минаа години, а јас сè уште не можам да најдам згодна положба за спиење во која ќе издржам повеќе часови.

Го соборив рекордот во долго спиење во една положба таа вечер на твоето рамо. Заспав и како никогаш да не се разбудив.

Станав утрото, измив заби, пуштив вода во школката, направив кафе, одев каде што требаше, се вратив, заспав и повторно така.

Се разбудив на твоето рамо, спиев повеќе од 4 часа во истата положба и не ми пречеше така секој ден. Тогаш мислев засекогаш ќе ме чекаш таму, мислев сè ќе оди толку лесно, како да газев на памук, мислев не ќе прекине да се врти, не ќе запре никогаш.

Оттогаш веќе ништо не беше исто. Кој знае каде отиде ти? Ми ја зема мекоста во душата и ми ја испрска со црно мастило, сега низ вениве ми течат црнила. Само перницата на кој лежеше ти остана бела, остана таму за да те почека некое време. Ама ти не се врати...

Помислував многу работи кои во моментов се неважни. Сега размислувам само за времето кое навистина продолжи да тече, без разлика што јас останав заглавена на твоето рамо. На твоето рамо како со секундарно лепило да ме залепија, како да ми ја малтерисаа душата на твоето рамо.

Рамото кое има една мала вдлабнатина издлабена по мерка за мојата глава.

Токму таму помеѓу коската и вратот има уште една помала вдлабнатина од таа ноќ ми се насобраа две – три солзи кои многу се противеа за да се слизнат од моето око. Таму се цементираа, таму останаа со мојата душа. Таму сум јас.

Но, еве го времево си брза, како да е на трки, среќа не е во дисциплина со пречки па да прескокнува по цели денови. Јас почнав да барам друго заменско рамо, или заменска положба, но имам премалку време, раменици милион, но јас не ги сакам, можам да ги проценам на прв поглед... Сега ми недостасува сон.

Автор: Марија Митева | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - з... Иако цели 17 години не е меѓу нас, сеќавањата што ги имам за Тоше ми се секогаш ...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
Зошто си одите од Македонија? Таму нема топло ајварче со сиренце. Таму нема домашно месени јуфки, сушени во дв...
10 ју-хитови кои ги пеевме погрешно - и денес се смееме до солзи кога ќе се сетиме на нив Дали и вие наместо „Ostalo je još malo kremena u ovom mom starom upaljaču“ си пе...
Да се биде татко на девојче е вистинска гордост за секој маж Бремена жена го прашува својот сопруг: „Што очекуваш, момче или девојче?“ Сопруг...
Катарина Ивановска за CRNOBELO лексикон: „Во слободно време месам“ „Се скривме со другарка ми Ана зад кревет кога имавме 5 години. Нашите нè бараа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg