Мудра приказна: Сите ние сме едно мало парче од скршено огледало

Кога еден професор завршил со предавање, како и вообичаено го поставил прашањето: Има некој прашања?

mudra-prikazna-koja-e-sushtinata-na-zivotot-01.jpg

Не очекувал никаков одговор, па кога еден од студентите кренал рака, бил силно изненаден:

„Професоре, која е смислата на животот?“

Некои од студентите, зачудено го погледнале својот колега, кратко се насмеале на неговото прашање и си заминале од кабинетот.

Професорот некое време гледал во студентот, прашувајќи се себеси дали студентот е сериозен или само сакал да се пошегува. Кога увидел дека е сериозен, рекол: Ќе ви одговорам.

Посегнал по својот џеб и од него го извадил својот паричник, од него извадил огледало и ја започнал својата приказна:

„Бев дете за време на војната. Еден ден на улица погледнав безброј одгледала кои беа искршени. Со оглед на тоа што немав играчки за играње, решив да земам едно од тие огледала за да си поиграм. Така играјќи си забележав дека сончевата светлина со помош на огледалото можам да ја насочам во било која насока, па и таму каде сонцето никогаш не допрело.

Кога пораснав сфатив дека тоа не беше само игра, туку и метафора за она што би можел да го направам со мојот живот. И јас сум само едно парче од огледалото кое не го познавам во целост, ниту својата големина.

Со она што го имам и што сум, можам да внесам барем малку светлина, вистина, разбирање, добрина и нежност во темните и скриени агли на човековото срце, каде сонцето никогаш не досега.

Ако и другите луѓе го забележат и сфатат тоа, можеби ќе се обидат да внесат малку светлина таму каде нема.

Ете, тоа е за мене смислата на животот и токму затоа сè уште го чувам огледалото, бидејќи со играта на светлината ми го покажа патот.“

Би можело да ве интересира:

Најважните работи што ги научив до 30+ години, живеејќи во Скопје Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнат...
„Ние младите многу скроламе по телефоните, малку живееме, дури ни љубов не водиме“ „Трчаме по некакви Инстаграм фантазии, имаме нереални очекувања. Многу мои врсни...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...
Татјана Стојановска за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам професорка кога ќе пораснам“ „Мој соученик од основно ми беше прв симпатија, но го немам видено од 8 одделени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg