Кога знаевме што е љубов

Понекогаш се прашувам како животот наоѓа начин да изврши конекција помеѓу луѓето и да направи спој на два сосема различни светови. Како целата таа спојка се вклопува во целата негова измешана теорија на веројатности и како сѐ се случува со причина?

koga-znaevme-sto-e-ljubov-01

Никогаш не разбрав и нема да разберам, беа тоа мисли кои ме мачеа тоа утро кога се упатив во домот за стари и изнемоштени лица каде требаше да одиме од училиште.

Нашата цел беше да им го разубавиме денот пред новогодишните празници, за да не се чувствуваат заборавено.

Некако ми се полнеше душата кога гледав светлина во туѓите очи предизвикана токму поради моите чисти намери.

Другите никогаш не ја разбраа таа моја душевна храна, но не ни мораа, важно ми беше јас да ја разбирам.

Влегувавме од соба во соба со разни изведби, со разни пораки им носевме смеа во нивниот ден исполнет со грижи за тоа што ќе биде утре и кога ќе биде денот кога воопшто немат да постојат. Секој од нив беше посебен, една испишана книга со кожни корици и многу прав на неа, мерак кој те тера да читаш и отркиваш.

Поминавме насекаде и допревме до сечие срце, полна ни беше душата, насмевка имавме на лицата, но забележав дека има уште една соба, беше последната врата лево во крајот на ходникот. Другите тргнаа да си одат, а јас отидов да проверам, сериозно ја сфатив улогата на Дедо Мраз, сакав сите да се среќни.

Во количка до прозорот, со поглед залутан во далечината имаше постара госпоѓа, која држеше фотографија во рацете. Беше замислена и плачеше од за мене непозната причина. Отидов и ја запрашав дали е сè во ред. Се засрами кога ме виде и ги избриша солзите.

Како да почувствува вина за својата слабост. Ме погледна и ме праша која е причината да едно младо момче се најде во таков според неа - дом на изгубената надеж.

Почнав да објаснувам и без да забележам се изгубив во разговорот, заборавив на времето, ми беше интересно да ја слушам госпоѓата со седа коса, сини очи, долг црвен фустан и бисерен ѓердан околу вратот.

Беше прекрасна за своите години, но не само тогаш. Кога ја погледнав фотографијата сфатив, била вистинска убавица и во минатото.

Ме замоли да ја исчешлам, бидејќи рече дека долго никој не ја исчешлал, како што на времето уживала да ја чешла нејзината мајка. Додека ми го подаваше чешелот забележав нешто чудно на нејзината рака. Тоа беше нешто налик прстен, но беше некаква плетка од гранчиња, едно прекрасно здание на нејзината стара рака. 

Ја запрашав што е тоа и само што изустив таа започна повторно да плаче.

Се извинав сто пати, не знаев ниту зошто, ниту како, но наскоро ми објасни.

„Тоа е причината поради која плачам. Тоа е прстенот со кој тој ме запроси.

Денес ни е годишнина и проклето ми треба покрај мене, ми недостига неговиот мирис, неговото шепотење на моето уво, да ми ја чешла косата и повремено да ми се стутка во вратот, ми недостига неговото заразно смеење. Ми недостига копнежот и лудите соништа јас да бидам актерка, а тој текстописец за Бродвеј.

Ми недостига начинот на кој знаеше достоинствено да ме засрами, времето кога знаев што е љубов. Сега сè е сведено на материјални нешта.

Погледни ќе си речеш носам стапчиња во прстите, наместо огромен дијамант.

Но, дијамантот не ја дефинираше неговата љубов кон мене, беше сиромашен, јас уште посиромашна. Но, го љубев со целото срце, онака како што тој ме љубеше мене.

Парите и прстенот беа неважни.

И би менувала, не само дијамант, би дала сè она што имам зад моето име само за да ја почувствувам таа блискост. Тоа време на љубов, тоа посебно време, тие празници исполнети со среќа, а не ваквите празни денови во оваа проклета количка и овој клет дом.

Го сакам знаеш, но ми го одзедоа уште пред да почнеме, болест го искина во душата, му ја испи снагата, го натера да се предаде, да се откаже од мене, а не сакаше, но иако го нема го сакам сè уште со целото срце. Посилно е од мене.

Никогаш не се премажив, никогаш не посакав друг, не родив ни поколение, зошто живеев со потребата да е покрај мене, но никогаш не се врати.

Да знаеш ова на мојата рака е многу повредно од сѐ, можеби изгледа како собрани чкорчиња на мојата рака, но за мене тоа е светот. И нема поубаво чувство нематеријално да ја почувствуваш љубовта, дај Боже сите да ја почувствуваат така.

Затоа љуби синко со цело свое срце и не се срами да кажеш кој си и што си, вистинската љубов не познава ограничувања. Ако е таа вистинската, тогаш ниту една твоја маана нема да и пречи, бидејќи со вистинска љубов можеш да градиш и да создадеш империја, која за жал јас не успеав да ја изградам”.

Ја гушнав со надеж дека ќе и дадам барем трошка утеха, бидејќи нејзината болка ми создаваше кнедла во грлото.

Ме натера да размислам за она што претходно беше во мојата глава за љубовта и процесот да се биде заљубен. Ја стегав најсилно, со надеж дека барем за момент ќе ја натерам да не се чувствува осамено. Ме погледна со нејзините сини очи и ми даде мотивација да успеам во животот со вистинската крај мене.

И не ги замени солзите само тој ден со насмевка, бидејќи не најде утеха само тој ден, без размислување одев скоро секој ден за да слушам приказни за времето кога знаеле што е љубов...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg