Кој вели дека Дедо Мраз не постои?

 Додека растеш веруваш во херои кои те тераат да станеш личност која ќе го следи кодексот на добро однесување, личност која по сите правила би требало да биде успешна и да чекори цврсто совладувајќи се пред себе.

koj-veli-deka-dedo-mraz-ne-postoi-01

Но, кога ќе пораснеш и ќе сфатиш дека тие не постојат, тогаш целиот свет се руши и си го поставуваш прашањето дали воопшто стапките кои си ги преземал од оној во кој си верувал се оние вистинските.

Беше петок, некаде после пладне, седевме до каминот кај наши пријатели, некако ми беше омилено да седам крај нивниот камин бидејќи секогаш беше украсен во знакот на празниците и навистина даваше една посебна топлина, но топлина во душата. Додека разговаравме за секојдневните теми од училиште се врати нивната ќерка со солзи во очите фрлајќи ја чантата, шалот и капата на различни страни. Не рече ниту здраво, што беше навистина несвојствено за неа, бидејќи беше навистина примерно девојче.

Татко и стана и отиде да ја праша што се случило и зошто едно седумгодишно девојче од прво одделение изреагира така во една претпразнична атмосфера.

Таа плачеше и извикуваше: “Тато кажи ми, кажи ми дека тој постои, не смее да не постои, тато кажи ми!“.

Јас стоев до вратата од кујната и слушав како таа раскажува дека некое дете од поголемите класови дошло и ги уништило декорациите во училницата и им кажало дека Дедо Мраз не постои. Нејзиниот татко се збуни и не знаеше што да каже.

Се чувствував повреден бидејќи се сеќавав дека и мене ми се сруши светот на истиот начин кога дознав дека пакетчето не се симнува низ оџакот и дека сите деца од светот нема да добијат играчки, па се вмешав во разговорот.

“Со оглед на тоа дека јас сум поголем од него и знам многу повеќе од него, можам да ти кажам дека Дедо Мраз постои, затоа немој да плачеш, ако не ти се исполнила желбата, тој сигурно има многу работа, но нели има уште денови до Нова Година, почекај ќе видиш дека стариот дедо не те заборавил.

“Ако не ме заборавил што е со мојата желба? Јас само посакав нови чевли за девојчето од нашиот клас, кое што не може да си купи, бидејќи нејзините мајка и татко не работат. Сите имавме нови чевли, само таа доаѓаше по сандали, а надвор е студено.”

Го погледнав нејзиниот татко, тој ја погледна нејзе со поглед полн солзи, се сретнаа нашите погледи и знаевме дека наредниот ден ќе треба да разубавиме нечиј ден.

Утредента на учителката и ги дадовме чевлите завиткани во пакет, украсени како најубавиот новогодишен подарок и ја натеравме да каже дека стариот Дедо Мраз не заборавил да исполни нечија желба.

Таа вечер носев црвени пантолони, црвена капа со бело топче,чизми и огромна вреќа, за прв пат се почувствував како да правам нешто правилно. Поминав под прозорот на моите пријатели и викав “Хо хо хо”,во меѓувреме ја гледав насмеаната  мала сезнајка на моите пријатели како восхитено довикува покажувајќи дека Дедо Мраз навистина постои.

Кога ќе си помислам, што е најубаво и најсилно на овој свет?

Вербата во луѓето, во светот, во Дедо Мраз, нема поубаво чувство од чувството да веруваш дека нешто навистина ќе се случи. Таа вечер јас натерав некого да верува во човекот кој во тој момент бил се за неа, можеби ќе сфати години подоцна, но тогаш таа ќе сфати дека таа мора да натера некој друг да верува.

Доколку се шири тој ланец на верување, доколку секој од нас се потруди да разубави нечиј ден, доколку секој од нас проба да промени нечиј живот, макар и на кратко, тогаш заедно ќе го креираме човекот во кој сите како мали сме верувале.

Затоа не велете дека не постои, за да не биде скршено уште едно детско срце, тој постои, во нашите претпразнични песни, обидите да изненадиме некого, иако не го гледаме, тој е тука во вид на енергија која ни го намовнува телото. Преку нашите дела, добри мисли, желбата за промена на подобро,ТОЈ ПОСТОИ.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
До сите родители кои треба да им ја кажат вистината за Дедо Мраз на своите деца „Дедо Мраз постои, но тој не е старец со брада и црвен костим. Тоа е само нешто ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg