Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав

Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насмевка. А, еден од тие спомени е поврзан со Тоше и Дејан Лилиќ и лудата фотосесија што им ја направив на Кале во 2002 година, со апарат со филм од 36 пози, па нестрпливо чекав во фото студиото да се развијат...

toshe-i-dejan-lilikj-pravea-sklekovi-na-kale-dodeka-gi-fotkav-spomeni-koi-nikogash-nema-da-mi-izbledat-02.jpg

Секојпат кога се наближува роденденот на Тоше или годишнината од неговата смрт, ме преплавуваат емоции кои не можам да ги опишам.

Добивам желба да ги слушам неговите песни, ги гледам старите фотографии, се сеќавам на некои наши разговори.

Поминати се години, но сликите во мојата глава се живи, имаат боја...

Се сеќавам на неговата насмевка, на бојата на гласот.

Некако, во ова време очекувам да се појави од некаде и да рече: „Сонце, се гледаме“ - последните зборови што ми ги кажа само десетина дена пред да загине.

toshe-i-dejan-lilikj-pravea-sklekovi-na-kale-dodeka-gi-fotkav-spomeni-koi-nikogash-nema-da-mi-izbledat-12.jpg

Но, моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни.

Напротив, прават да ми е топло околу срцето и ми измамуваат насмевка.

А еден од тие спомени е поврзан со Тоше и Дејан Лилиќ и лудата фотосесија што им ја направив на Кале во 2002 година, со апарат со филм од 36 пози, па нестрпливо чекав во фото студиото да се развијат...

Многу одамна, пред повеќе од 10 години, пишував во првото македонско тинејџерско списание „ТАА“.

Правев анкети, интервјуа, измислував забавни текстови за тинејџер(к)и... И често правев некои „луди“ комбинации.

Еден таков момент беше кога неочекувано се споија Тоше Проески и Дејан Лилиќ, и тоа на Кале, каде што - правеа склекови...

toshe-i-dejan-lilikj-pravea-sklekovi-na-kale-dodeka-gi-fotkav-spomeni-koi-nikogash-nema-da-mi-izbledat-08.jpg

А, кога некои работи треба да се случат, од нив нема бегање.

Се сеќавам, во тоа време, кога сè уште не постоеја портали, а читателите со нас комуницираа преку писма, воведовме рубрика во која тинејџерите, наместо ние новинарите, им поставуваа прашања на познатите Македонци.

Кога го најавивме Дејан Лилиќ, ни стигнаа еден куп писма. А во едно од нив, покрај прашањата за актерот, имаше и порака:

„Ќе може ли на една од фотографиите да го имитира погледот на Тоше од билбордите?“

toshe-i-dejan-lilikj-pravea-sklekovi-na-kale-dodeka-gi-fotkav-spomeni-koi-nikogash-nema-da-mi-izbledat-13.jpg

Во тоа време цело Скопје, па и градовите низ Македонија беа преплавени со фотографијата од корицата на новиот албум на Тоше - „Ако ме погледнеш во очи“.

Тој во фармерки и зелен џемпер, малку потклекнат, гледаше со заводлив поглед.

„А што мислиш да го побараме Тоше, па да се фотнеме заедно?“, ми вели Лилиќ.

Го баравме и тој и јас, ама, не успеавме да го добиеме на телефон.

toshe-i-dejan-lilikj-pravea-sklekovi-na-kale-dodeka-gi-fotkav-spomeni-koi-nikogash-nema-da-mi-izbledat-09.jpg

Мора да признаам дека бевме малку разочарани. Но, решивме дека ќе ги направиме фотографиите и без Тоше, а Дејан ќе дојде во нашата редакција, која се наоѓаше на улица „Македонија“, за да го фотографираме таму.

Излегов на улица да го пречекам, и додека заедно се движиме кон канцелариите на „ТАА“, видовме како во наш правец оди Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше.

Застанавме, се изгушкавме, свртевме два-три реда муабет и ѝ кажавме дека безуспешно пробавме да го најдеме Тоше.

„Не бевме во Македонија“, вели Љиља, па веднаш му се јави.

toshe-i-dejan-lilikj-pravea-sklekovi-na-kale-dodeka-gi-fotkav-spomeni-koi-nikogash-nema-da-mi-izbledat-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg