10 работи кои секоја жена треба да ги направи пред да наполни 40 години

Неодамна случајно прочитав на еден блог листа на 25 работи кои секоја девојка треба да ги направи пред да наполни 25 години. Интересна листа во која беа вклучени едноставни работи како уживање во утринско кафе и оние сериозните прашања како „Која сум јас“.

10-raboti-koi-sekoja-zena-pred-da-napolni-40-godini-treba-da-gi-napravi-01.jpg

Се прашав себеси, колку од тие работи јас ги имам исполнето?

Во кафето со сигурност уживав, но само дел од тие работи ги имав исполнето во моите 20-ти, останатите во моите 30-ти, а некои пак, сè уште во моите 40-те не сум ги остварила.

И како што одново ја прегледував листата, се прашував кои работи ги имав остварено до моите 25 години. Работи како брак со момчето со кое бев уште во средно училиште заедно, деца, кариера, долгови... Ништо од тоа не беше на мојата листа.

Јас бев дел од оние кои сакаат да уживаат во своите 20-ти.

И сфатив, одбираме слобода, но 40-те тропнуваат на врата многу побрзо отколку очекуваме и тогаш се запрашуваме – Што јас направив од мојот живот?

Откако завршив читање на листата, седнав да размислувам за работите кои секоја жена треба да ги направи пред да наполни 40 години...


Промена на кариера

Помеѓу 25 години и 40 години сменив многу работни места, многу професии. Бев келнерка, модел, наставничка, менаџер. Секако некои од овие професии беа одбрани само за да можам да се издржам себеси, да склопам крај со крај, а некои ми овозможија вештини и таленти кои секоја жена треба да ги поседува.

Сега знам дека тоа што често менував професии ми дозволи да откријам што точно сакам од животот, каде сакам да поминувам 8 часа секој ден...


Нешто „лудо“

Луѓето мислат дека лудите и неконвенционалните работи се само за младите години, но јас до моите 30-ти бев мирна девојка. Лудориите во мојот живот почнаа откако наполнив 30 години кога ја напуштив работата на наставничка во основно училиште и се одлучив да станам модел.

Решив животот да го живеам со полни гради, а тогаш немаше некој кој не ми рече дека сум луда во своите избори. И не се каам за тоа. Вистината е дека си остварив еден сон повеќе.


Прифаќање на сопствениот изглед

Сè уште работам на ова. Велат додека наполните 25 години веќе треба да се прифатите себеси онакви кави што сте, но реалноста е дека промените кои континуирано се случуваат не ни го дозволуваат ова.

Се менуваме во 20-те, во 30-те, а и во 40-те, па нормално е одново и одново да треба да се приспособуваме на новонастанатите промени и да ги прифаќаме.


Гламурозност

Тоа што повеќе немам 23 години не значи дека не треба да се дотерувам, дека не треба да се трудам да изгледам убаво. Можеби не можам да носам мини здолниште, но секако дека можам да откријам нови начини како да се чувствувам гламурозно дури и во 40-те.


Потрага и следење на соништата

За некои ова може да значи да направат нешто лудо. Но, има ли полуда работа од тоа да се брка оној сон кој никогаш не сме замислиле дека можеме да го реализираме? Оној кој најмногу не плаши во 20-те?

Реалноста е дека треба постојано да имаме нови желби, соништа и идеи за тоа што сакаме од животот. Тоа е најважно. Не е важно каков сон ќе одбереме, важно е да се трудиме да го следиме без разлика дали имаме 20 години или 40. Никогаш да не се откажуваме...


Надвор од комфорната зона

Кога се трудиме да живееме комфорен живот, најчесто стагнираме, а тоа не е секогаш добро. Понекогаш дури и во 40-те треба да се трудиме кон нешто ново, непознато, неудобно. Така ќе се чувствуваме живи.


Желба за сродна душа

Ако дури и во 40-те години сè уште не сте стапиле во брак, реалноста е дека во животот сте имале низа неуспешни врски. И можеби сте исплашени и можеби ви се брза, но тоа не значи дека треба да прифатите било што и било кого само за да стапите во брак.


Нов почеток

Помислата дека треба да започнете одново секогаш е застрашувачка, но ако не сте среќни со вашата моментална ситуација, тоа не значи дека треба да ја прифатите.

Напротив, започнете одново, свртете нов лист во вашиот живот, не ги прифаќајте просечните работи дури и тогаш кога имате 40 години.


Изразување на емоциите

Често се трудиме да ги прикриеме емоциите само затоа што сме исплашени дека ќе бидеме повредени, но никогаш не треба да се плашиме искрено да љубиме, да изгубиме, да бидеме гневни, љубоморни.

Емоциите постојат со причина, а треба да научиме слободно да ги изразуваме.


Приказна. Новела. Роман.

Жените на наша возраст имаат неверојатни приказни за раскажување, па зошто да не ги преточат во книга? Можеби нема никому да ја покажете таа книга, но убаво е да остане некаде запишана, запечатена, да раскажува неверојатно патешествие.

Би можело да ве интересира:

5 македонски ретро серии кои ќе ви разбудат носталгија и со задоволство би ги гледале и денес Дали некогаш ве фаќа носталгија по старите македонски серии со кои израснаа мног...
Македонската носија ја изеле молците, историските книги сме ги затвориле во ковчег - Дали ги почитув... Зарем тука пукнала стомната, па водата од неа ги избришала сите спомени кои вечн...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Чудотворни места во Македонија за жени кои не можат да забременат - Сливничкиот манастир, „трудното ... Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од ...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg