Животот е поубав кога е неизвесен...

Животот е подобар кога го живееме со доза неизвесност. Се прашувате зошто? Затоа што неизвесноста остава простор да се случат сосема неочекувани работи, позитивни работи.

zivotot-e-poubav-koga-e-neizvsen-01.jpg

Проблемот е во тоа што поголемиот дел од нас се научени да живеат во сигурност и стабилност. Мал дел од нас сакаат да ризикуваат, да се обложат за нешто и да ја препуштат својата среќа на шансата, на коцките.

Мал дел од нас сакаат да пробаат нешто без да бидат 100% сигурни дека ништо лошо нема да им се случи.

Ова посебно важи за оние кои моментално се удобно сместени во својата комфорна зона и се наоѓаат на одредено место каде се безбедни од негативните работи и од непознатото.

Но, комфорот и не е така добра работа како што мислите. Често веројатно и на вас, ви се случило да го наречете среќа, но комфорот не значи секогаш среќа.

Комфорот може да биде вашата Ахилова пета.

Од друга страна, неизвесноста води до акција, до креативност, до иновативност. Од потребата да се грижите за вашето преживување, вашиот дух може да ве издигне на огромни височини, да подигне планини кои не сте биле свесни дека постојат.

Зошто да ја намалите сопствената вредност? Зошто толку се плашите од она што може да ви даде најголема среќа во животот? Сте се запрашале некогаш или сте продолжиле и понатаму со секојдневието, со рутината, познатото, сигурното.

Неизвесноста знае да биде и романтична. Може да ве обземат емоции, да бидете анксиозни. Може да ве парализира.

Сепак, би се обложила дека колку и да е непријатна, неизвесноста е секогаш подобар начин да се живее животот. Животот повеќе не е здодевен. Повеќе не е едноличен. Животот така станува предизвик. Загатка која треба да ја решите.

И понекогаш, со неизвесноста доаѓаат и најубавите изненадувања.

Да бидеме искрени, секој тежнее кон неизвесност, колку и да ја негира, затоа што само така се живее животот. Сè друго е само живуркање. Смрт.

Па без разлика на тоа со што се соочувате во животот, никогаш не се плашете од неизвесноста, прифатете ја со широко отворени раце.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат жените, кога велат дека веќе не сакаат ништо (од вас)? Под влијание на емоциите, жените можат да донесат непромислени и неразбирливи од...
Марио од 2Бона за CRNOBELO лексикон: „За мене постои само една жена“ „Ако постои една работа за која се каам во кариерата или животот, тоа е што го н...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
Девојко, внимавај за кого се мажиш - тоа е најголемата грешка што можеш да ја направиш во животот Не е важно колку е голема куќата или колку пари имаш на сметка - вистинската бор...
Татјана Стојановска за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам професорка кога ќе пораснам“ „Мој соученик од основно ми беше прв симпатија, но го немам видено од 8 одделени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg