Мамо, не се плашиме, бидејќи ти си со нас - ништо не може да нè повреди

majko-ne-se-plashime-bidejki-ti-si-so-nas-nishto-ne-moze-da-ne-povredi-01.jpg

Една млада мајка штотуку зачекорила на патеката на животот.

„Дали е ова долг пат?“ - прашала.

Нејзиниот водич ѝ одговорил:

„Долг и тежок. Ќе остареш пред да стигнеш до самиот крај, но запамети дека крајот ќе биде подобар од почетокот“.

Младата мајка била толку радосна што не можела да поверува што би било поубаво токму од овие години.

Така, си играла со своите деца, береле цвеќе долж патеката по која оделе и ги фрлале во брзите врутоци. Кога ќе зајдело сонцето само ќе си речела:

„Ништо на светот не може да биде поубаво од ова“.

Потоа пристигнала ноќта ги покрила децата за мирно да заспијат и да не се плашат.

Децата ѝ кажеле:

„Мајко, не се плашиме, бидејќи ти си со нас. Ништо не може да нè повреди“.

Утрото имале брдо за искачување. Кога децата почувствувале замор, таа ги бодрела:

„Имајте трпение затоа што уште не сме пристигнале“.

Вечерта легнала за малку да одмори и гледала во ѕвездите, си помислила:

„Денешниот ден е подобар од претходниот, бидејќи моите деца научија како да ја надминат препреката пред себе. Вчера им дадов храброст, денес сила“.

Следниот ден се појавиле чудни облаци кои ја помрачиле земјата. Облаци на војна, омраза и злоба. За да ги смири своите деца, мајката им рекла:

„Подигнете ги очите и гледајте во светлината“.

Децата погледнале и здогледале неизмерна сила над облаците.

Таа ноќ мајката си помислила:

„Ова е најдобриот ден од сите досега, бидејќи моите деца го открија Бога“.

Поминувале денови, недели, месеци и години. Мајката остарела и потешко одела по патеката на животот, но нејзините деца биле силни и ѝ помагале. Пристигнале до брег каде во далечината можел да се види сјаен пат и златна врата широко отворена.

Мајката рекла:

„Стигнав до крајот на мојата патека и сега навистина можам да кажам дека крајот е подобар од почетокот, бидејќи вие деца сами можете да чекорите на патеката на животот и ќе имате свои деца за да ги научите“.

Децата ѝ одговориле:

„Ти мајко, секогаш ќе бидеш покрај нас, дури и кога ќе ги поминеш оние врати“.

Стоеле и мирно гледале како ги напушта. Вратата се затворила, а децата рекле:

„Не можеме да ја видиме, но таа и понатаму е со нас. Нашата мајка е далеку само од спомени. Нејзиното присуство се чувствува“.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничави македонски селски приказни што ни ги раскажуваа бабите и дедовците Неодамна бев во семејната викендичка со моето семејство, па во приквечерните час...
„Стојам пред полицата со ајвар во маркетот и се сеќавам на времето кога со баба ми правевме зимница“ Се сеќавам на времето кога со баба ми правевме зимница. Есен, веќе почнуваше да ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Детска искрена радост: Новогодишно пакетче под елката и Коледе со другарчињата од маало Кога јас бев дете, тоа коледарско утро не знаевме што е студ. Имавме само една м...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Приказната која ми ја раскажа мојот татко ме научи да бидам спремен на сѐ во животот Животот е сурова игра. Воз кој поминува низ шини и никого не чека. А луѓето во н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg