Дали сме мегаломани или само сиромашни?

Маркетиншките реклами нѐ тераат да бркаме автомобили и облека, да работиме работи кои ги презираме, за да купиме работи кои навистина не ни се потребни.

dali-sme-megalomani-ili-samo-siromasni-01.jpg

Вака од прилика звучи една од најсуровите вистини за денешниот свет, објавена во книгата „Fight Club“, која на 17-ти август оваа година ќе го прослави својот 20-ти роденден.

А звучи толку вистинско, реално и свежо, сосем пригодно за светот во кој суштествуваме. Или барем се трудиме.

Мене ми е сѐ уште искрено незамисливо како конкретно моите баба и дедо беа среќни со толку малку.

Таа нивна особина ја поистоветувам со највисоката доблест со која можеш да се закитиш – да си среќен и задоволен со малку.

Реално, времињата во кои живееле тие и ова во кое живееме ние се дијаметрално различни, но оваа нивна карактерна особина етикетирана како скромност и нашиот инстинкт кој потсетува на вечен глад и се развива напоредно со напредокот на светот, не коегзистираат во реалноста.

Ние сме постојано гладни. И алчни за многу повеќе. Просто мегаломански настроени. Секогаш сакаме повеќе. Повеќе облека, поголем автомобил, погламурозен роденден. А обично, немаме доволно пари ниту за половина од желбите.

Dali_sme_megalomani_ili_samo_siromashni_2.jpg

Дали времето во кое живееме нѐ направи ненаситно алчни и вечно незадоволни или просто сме сиромашни?

Да бидеме искрени, секојдневно ја симнуваме скалата кога се работи за квалитетот на производи, за сметка на нивниот квантитет. Поевтин леб, средноквалитетно сирење, покисело вино...

Општеството во кое живееме е толку лудо, што наједноставните потреби ги израмни со невиден луксуз – летен одмор, зимување, обновување на сезонската гардероба, безгрижно возење со автомобилот до посакуваната дестинација, наместо грчевита пресметка за бензинот кој ќе се потроши.

Нормални човекови потреби, а понекогаш толку тешки за достигнување.

Или сето ова е само „аздис“? Колку навистина ни е потребно да бидеме среќни?

Не можам да се одлучам дали времево нѐ трансформираше во суштества кои пребираат и бараат премногу и се вечно незадоволни од она што го имаат, или сме нова генерација која не се задоволува со трошки и медиокритет?

Каде да го пронајдеме одговорот?

Во секој случај, стојам на ставот дека основните потреби мораат да бидат задоволени.

Секако дека не можеме да отидеме на одмор на Малдивите, но можеме во Грција...

Секако дека не можеме да се облекуваме во дизајнерски парчиња, но можеме да купуваме на попуст небрендирана облека... нема да јадеме сино сирење, зашто ќе си јадеме наше домашно и ќе бидеме среќни...

Нели?

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татјана Стојановска за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам професорка кога ќе пораснам“ „Мој соученик од основно ми беше прв симпатија, но го немам видено од 8 одделени...
Девојко, внимавај за кого се мажиш - тоа е најголемата грешка што можеш да ја направиш во животот Не е важно колку е голема куќата или колку пари имаш на сметка - вистинската бор...
Кога си го пронајдов вистинскиот маж, животот стана полесен - дури и кога бури беснеат Тој е маж што го сака домот, маж за кој замислата за среќа е да минува време со ...
Приколките на езеро Треска ни беа дом - Зошто сум носталгична по најубавото лето и по 30 години? Се сеќавам, 1993 година, лежевме на оние „удолниците“ околу езерото и гледавме к...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg