За сите експерти околу мене: Ова е живот по мои правила

Во животот честoпати игравме на сигурно, никој не можеше да го објасни тој страв од непознатото и никој не се осудуваше да зборува за феноменот наречен ризик. 

za-site-eksperti-okolu-mene-ova-e-zivot-po-moi-pravila-01

Знаете она кога ќе ви кажат молчи,вие го подигате гласот или кога ќе ви речат стој, вие тргнувате напред за инает. Некои тоа го препишуваа на храброст, некои на цврст карактер, но јас знам дека тоа доаѓаше природно без причина, барем за мене.

Никогаш не се двоумев за одлуките кои ги носев и никогаш не се каев за последиците. Понекогаш добивав епитет вечен бунтовник, но тоа никогаш не ми пречеше.

Она што сакав да кажам од целото мое дрдорење е дека честопати ризикував. Не се плашев од промената за која другите велеа дека не мора да се случува често.

Јас сакав да се случува почесто, бидејќи рутините и она што не ме правеше среќен знаеја брзо да ми станат здодевни.

Без разлика дали стануваше збор за фризурата која сам си ја правев шишајќи се со машинка, со помош на две огледала или бунтувањето кај најстрогата професорка на факултет, јас уживав во тој адреналин, адреналин кој имаше цел, цел за подобро утре.

Никогаш не останав да работам за лош шеф и не се плашев дали ќе најдам друга работа ако тој ме избрка, имав низа зборови за таквите идиоти и ја кажував без размислување.

Во целата приказна, знаев која е мојата цел и кои се моите способности, затоа можеби никогаш не престанав да се противам на нештата кои сакаа да го замолчат мојот глас и да ја скротат мојата личност.

Често патував и често се селев, не се плашев од новиот комшија или од менталитетот од оние кои ќе ме опкружуваат, имав разбирање за сите, немав предрасуди и ги почитував сите, сè додека сите ме почитуваа мене.

Не се срамев да ме наречат чуден, не ми беше грижа дали ќе ме осудат и дали ќе зборуваат лошо за човекот кој не го познаваат. Луѓето ќе зборуваат и никој тоа не може да го спречи, па зошто јас да се обидувам?

Она што го оставав како пример зад мене беше една личност која го слуша сечие мислење, но сепак има свое за нештата.

Никогаш не потпаднав под влијание и никогаш не дозволив моите одлуки да ги засновам на нечии други. Она за што се борев беше среќен живот, исполнет со радост и хармонија во кој не сакав влијание на злобни надворешни фактори.

Она што сакав луѓето да запомнат од мојата кратка животна приказна е да не се плашат да ризикуваат и да не се стегаат да направат промена.

Животот е еден динамичен систем кој мора да се менува, во спротивно целата таа приказна бргу станува здодевна.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
За мене Скопје е... мирисот на липи во јуни Скопје е токму ова – мирисот на липа во јуни. Благата арома ги надразнува сетила...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg