Отвори ги очите пред алчноста да го проголта човекот во тебе

Отсекогаш се прашував што се случува со луѓето кои ќе добијат одредена моќ, односно со нивната драстична промена при ниното постоење. Зошто се однесуваа како примитивни суштества без мозок заслепени од новата позиција.

otvori-gi-ocite-pred-alcnosta-da-go-progolta-covekot-vo-tebe-001.jpg

Зарем вчера не бевме исто, зарем вчера ти не беше истиот човек како што сум денес јас или костумот и актовката те прават нешто повеќе човек од мене?

Не можев да си објаснам што се случува со нивната душа и од каде им доаѓа потребата за константно омаловажување на луѓето околу нив. Зарем константното хранење со нечија наведната глава ги правеше посилни, можеби посреќни или поуспешни?

Зошто секогаш на исти начин остануваа заслепени штом ги почувствуваа парите и ја имаа моќта? Зошто таквите луѓе пикнати во слатка, мала канцеларија со компјутер и одличен стол на кој можат да се излежаваат по цел ден забораваа на она што беа претходно, луѓе како сите останати? Зарем толку тешко им паѓаше да не бидат саможивни копилиња со подигнат нос, кои никогаш не ги гледаат другите околу нив?

Многу е болно кога човекот кој го познаваш цел живот се менува и таа промена е најодвратната промена која може да ја избере. Заслепеноста од богатството, отфрлањето на сите дотогашни верувања и обидот да се биде нешто поинакво беа премногу смешни, барем во очите на луѓето кои добро ги познаваа тие метамофорзни суштества.

Никогаш не можеш да скриеш што си бил претходно, дури и да успееш, тоа ќе биде маска која ќе ја носиш секојдневно. Зарем кошулата, вратоврската, високата плата ќе избришат како делевме кришка леб, како се тркалавме заедно во калта и се смеевме на нашите куќи кои личеа на плевни?

Дали твојата банкарска сметка е поголема од смеата која ја делевме во средно, двајцата без пари, жедни за забава, се преправавме дека сме биле внатре само за да не платиме влез и носевме скриени шишенца од кои си точевме алкохол само за да заштедиме. Дали сè тоа ќе го заборавиш кога ќе седнеш во твојата кожна фотелја или таа ја има моќта да однесе сѐ за ти да станеш благородник.

Не знам дали се сеќаваш, но често кажував дека без разлика што ќе биде во животот, без разлика колку успех ќе постигнам или ќе постигнеме, никогаш не треба да заборавиме од каде тргнавме. Затоа пријателе, јас ја имам моќта колку што ја имаш ти, но јас и ти сме различни од многу причини.

Јас не тргнав по неа за да бидам посакуван, јас не тргнав по неа за да бидам нешто повеќе од другите. Таа беше мој сон, за да градам, за да створам и да помагам на сите оние на кои е потребно, на начинот на кој мене и тебе ни помагаа. За да не останат моите блиски без мојата подадена рака кога тоа ќе биде најпотребно. За моето комшиче да може да дојде на ручек секогаш кога неговите нема да му подготват јадење. За да можам да бидам хуман и да помогнам кога ќе биде потребно, бидејќи знаев како е да немаш излез и како е да гладуваш.

Јас не посегнав по таа моќ која заслепува, но имав карактер затоа што мојата цел беше јасна и не беше себична. Јас останав верен на себеси, а ти пријателе, зарем ќе дозволиш да бидеш идиотот кој заборави од каде тргна, зарем ќе дозволиш светот да те запомни како најголемата бесчувствителна единка која постоела, сè уште ли ќе се однесуваш дрско и ќе кажуваш погрдни зборови од тоа канцелариско столче или ќе ги отвориш очите за да го спасиш човекот кој постоеше претходно?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg