Сè додека ти љубоморат, знаеш дека си на правиот пат

Луѓето околу тебе честопати не го гледаат трудот кој го вложуваш секојдневно и мислат дека сите успеси кои ги остваруваш доаѓаат туку така, само поради тоа што се поврзани со твоето име. Честопати тие знаат да кажат дека коцките ти се редат една по друга и брзиот прогрес кон целта ти го препишуваат на случајна среќа во твоето постоење.

bidete-sekogas-nad-prosecnoto-i-spremni-da-go-ostvarite-nevozmoznoto-01

Но, дали некој е свесен колку пот вложуваш?

Дали некој може да претпостави колку ноќи не си спиел и колкупати си паднал пред да успееш?

Никој не ги знае солзите кои ги лееш секогаш кога работите нема да тргнат по посакуваниот тек, никој не доаѓа да ти ги излечи раните од сите тие удари на животот.

Луѓето само те имаат како фигура со име која најчесто служи за да биде ктирикувана кога она што го прави не им се допаѓа, кога има мислење спротивно од нивното и кога ќе оствари успех кој тие не можат ни да го замислат.

Никој не ги гледа соништата кои ги сонувате, а честопати имаат дрскост да кажат дека вие нема да ги остварите. Никој не е загрижен кога вие се губите на крстосниците преку кои се стигнува до вашата зацртана цел. Никој нема да се погрижи да ви ја врати вербата кога потполно ќе ја изгубите.

Никој не разбира колку треба за да се достигне врвот, а сепак ќе кажат дека тоа не го заслужувате.

Но, она што треба да запомните е дека вашата глава секогаш треба да го има погледот насочен кон височините. Секогаш ќе наидете на лош збор и лоша мисла од некој кој е злонамерен патник на вашето патешествие.

Предизвиците кои ќе се појават ќе бидат можеби и премногу за вас и за она што сте го замислувале, но треба да знаете дека вие можете да ги остварите. Не се плашете од она што изгледа невозможно, големите луѓе прават невозможни работи.

Вие имате сè што е потребно, сè додека работите макотрпно, сè додека потта од вашето тело носи резултати за кои светот околу ви љубомори, запомнете дека сте на вистинскиот пат.

Можат да кажат што сакаат, да измислат што ќе им легне на душата, но нормите кои вие ги поставувате не можат да бидат надминати од простаци чија главна преокупација е јадење бурек за оној кој успева.

Останете секогаш такви, издигнати над просечното и подготвени да го остварите невозможното.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg