Мрдни со прст - на врата принцот не ти доаѓа

mrdni-so-prst-na-vrata-princot-ne-ti-doagja-01.jpg

Јас знам дека ти сакаш бајки и среќни краеви.

Знам дека веруваш во куќички од чоколада, стаклени чевлички и безусловна љубов до крајот на животот.

Но, за жал, реалноста не е таква.

А, вистинскиот треба да го бараш, љубовта да ја градиш, а за среќниот крај добро да се испотиш.

Не верувај дека тоа некому му дошло послужено на тацна.

Имало и смели чекори и плачење и бессони ноќи. Бидејќи љубовта на јаве бајка не е.

Ќе се додворуваш понекогаш и прва, ќе попуштиш некогаш иако ти се вреска од инает, ќе го прегризеш јазикот, ќе ја симнеш круната...

И, прв чекор до принцот ти е да излезеш од дома. На врата тој нема да ти заѕвони.

Ќе го запознаеш некаде. Ќе му се насмевнеш. Ќе му дадеш знак дека ти се допаѓа.

Тешко дека тој некогаш, некаде ќе те види еднаш, ќе те запомни засекогаш и ќе те бара и на небо и под земја.

Такви чуда во цртаните филмови се случуваат.

Мрдни и ти со прст за љубов да најдеш.

Направи проверка на критериумите што ги имаш во споредба со тоа што се нуди во реалноста.

Потсети се дека и убав и добар и со стомачни мускули и со одлично образование и со доброплатена работа и со желба за патување и со романтични нагони и што 300 критериуми – нема.

Разговарај, смеј се, запознавај луѓе, шири го кругот на познаници. Врати си ја страста за животот, шетај, оди на состаноци и сигурно ќе бидеш чекор поблиску до (за тебе) вистинскиот.

Мрдни со прст - на врата принцот не ти доаѓа!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Бев сведок на утрински инцидент во Скопје - маж кој не беше во право, врескаше и покажуваше среден п... Луѓето почнаа да ги отвораат прозорците од автомобилите, да му се дерат да побрз...
„Во светот на бајките“, „Народни приказни“, „Салон Хармони“: Македонски серии и филмови кои ќе ве вр... Бајките на „Дизни“, сериите на „Нетфликс“ и „Амазон“, сите блокбастери од Холиву...
Фиксен телефон, џамлии: Ретро фотографии кои ќе ве потсетат на детството и ќе ве направат носталгичн... Немаше паметни телефони, туку само фиксни, се играше со џамлии, пластелин, топка...
„12 величествени“, „М2 потрага по ѕвезда“: Гламурозни манифестации кои не постојат, а би сакале да с... Освен „Златна Бубамара на популарноста“, која има традиција долга 26 години, мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg