Еден трагичен животен настан и повеќе никогаш не сме исти

eden-tragichen-zhivoten-nastan-i-povekje-nikogash-ne-sme-isti-01.jpg

Знаеш еднаш е доволно... Само еднаш, да те погоди некоја трагедија онака силно и неизбришливо и да се промениш засекогаш.

Еднаш и да остави белег врз тоа што си ти за цел живот.

Еднаш и да заборавиш колку некогаш беше силен, издржлив и непоколеблив.

Еднаш и да сфатиш дека и ти си само од крв и месо.

Дека не си отпорен на болка.

Дека моќта да гледаш розово на работите понекогаш не е доволна за да имаш розов живот.

Еднаш за да сфатиш дека некогаш не ги држиш ти сите карти во рацете.

Дека некогаш некаде картите се однапред поделени.

Дека на тебе само останува да ја изиграш партијата најдобро што можеш.

Дека не секогаш можеш да имаш ас во ракавот и да се насмевнеш со став „јас го можам тоа“.

И понекогаш е во ред...

Да си кажеш дека не можеш, дека ти е премногу, дека ти е потребно едно добро плачење.

Дека сакаш рестарт, дека дури и за тебе тоа е претешко за да го поднесеш.

Да си се пожалиш дека животот не е фер, дека се случуваат лоши работи во уште полоши тајминзи, дека си беспомошен, дека е посилно од тебе, дека понекогаш едноставно не зависи од тебе.

eden-tragichen-zhivoten-nastan-i-povekje-nikogash-ne-sme-isti-02.jpg

Но, потоа....

Потоа мораш да се соземеш одново, да ги составиш парчињата, да се помириш со реалноста.

Потоа мораш да најдеш сила во себе за да веруваш дека сè ќе биде во ред, иако апсолутно не ти изгледа така.

Мораш да го набилдаш најважниот мускул во телото – мозокот и тој да биде посилен од кога било.

Мораш да се потрудиш да одиграш најдобра партија со картите кои ти се поделени.

Мораш во лошото да пронајдеш добро, а во саканите утеха.

Мораш да си среќен што отсекогаш го сфаќаше животот како авантура од која треба да се граба овде и сега, што не оставаше нешто за еден убав ден и што не го чуваше комплетот златни лажички за некои идни специјални пригоди.

Мораш да прифатиш дека овој настан ќе те промени засекогаш и дека веќе нема да бидеш ист.

Веќе можеби нема да се чувствуваш како суперхерој во тело на човек,

Можеби нема да можеш да веруваш дека со насмевка ќе можеш да надминеш сè,

Но, ќе мораш... Да веруваш дека можеш.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
Скопска госпоѓо, со дрскиот тон и надмен однос знаеш кога ќе те услужат пак? Никогаш! Што си се умислила толку? Жена со моќи на божество? Најпаметната? Најубавата? Шт...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg