Работам од дома - грбот ме боли, изгледам како пештерски човек

rabotam-od-doma-grbot-me-boli-izgledam-kako-peshterski-chovek-01.jpg

Ова работењево од дома е реално шоу – станав пештерски човек.

Работам во полулежечка поза. Неправилно. Знам.

Ме боли грбот. Не можам да фатам позиција.

Пијам утринско кафе, свежо исцеден сок. Чашите остануваат до мене.

Јадам овесни снегулки. Чинијата останува до мене.

Да и лушпата од бананата останува до мене.

Бавна сум во работењето. Концентрацијата ми е 0.

И најмалата врева во домот може да ме извади од такт.

„Паузата“ ја користам за да го измијам брдото садови што останаа до мене.

Го отворам прозорецот.

Леле, заборавив што значи свеж воздух и сончеви зраци.

Се чувствувам како во реално шоу. Сега, ги сфаќам оние од реалните телевизиски шоуа зошто се однесувале така нерационално.

Емоцииите ми се на најсилно. Се смеам до солзи, се нервирам до кубење коса.

Сѐ е позасилено.

Константно сум во присуство на исти луѓе. Да, ги обожавам. Но, ми недостигаат други.

Ми недостигаат разговори, искуства, контакт со надворешниот свет.

Пак забегав со паметот. Да, работам од дома.

Лап топот ме нервира. Не е доволно брз.

Комуникацијата со колегите ме нервира. Не е доволно ефективна.

Постојано ми ѕвони телефонот, а ниту еден разговор не е продуктивен. Се озрачив.

Ме боли глава.

На работа правам барем половина час пауза. Прошетувам. Фаќа сонце.

Тука не. Тука сум во реално шоу без крај. Нема стоп.

Нема работно време.

Еве пак ме боли грбот. Ја редекорирав куќата за да го пронајдам совршеното катче за работа.

Но, не постои такво.

Како работат луѓето од дома постојано? Не сфаќам.

Леле косата не ми е измиена. Каква сум бледа во лицето. Хмм, кога се дотерав последен пат?

Се чувствувам изолирано. Еве во моментов ме нервира сопругот како дише. Ми пречи во работата.

Да, и грбот ме боли...

Но, сепак мора да се издржи, се работи за доброто на сите... Готово. Работам и си молчам.

Ајде, морам да работам. Одам.

Ништо не сработев...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
Игор Џамбазов како 24-годишно момче, Каролина со тренди фризура во 1999-та: Ретро насловни страници ... 1990-тите и 2000-те беа време кога фотките за насловна се правеа со апарат со фи...
Виктор Апостоловски за CRNOBELO лексикон: „Сопругата ми е најдобра другарка веќе 6 години“ „Па ти во живо си бил како нас, јас те замислував како 2 и пол метра маж, лепота...
„Мојата жена нема да оди на работа - твоето место е дома!“ Ви се случило ли да влезете во врска каде што тој заработува помалку од вас? Или...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg