За докторите кои не си ги виделе децата, а се грижат за нас пациентите - за нив браво!

za-nashite-doktori-istrajni-posveteni-i-pozhrtvuvani-za-niv-bravo-01.jpg

За оние луѓе кои се откажаа од многу работи во најубавите години од животот за да учат како да спасуваат туѓи животи.

За  оние луѓе кои работат по двојни смени за секој пациент да успее да добие соодветен третман.

За оние луѓе кои знаат да нѐ смират кога во нас владее црвен аларм и паника.

За оние луѓе кои неретко за нас живот значат.

За оние луѓе кои поради дежурствата не си ги виделе децата дома.

За оние луѓе кои себеси се ставаат на ризик за да спасат други.

За оние луѓе кои во секакви услови се борат да ни ја обезбедат максималната нега.

За оние луѓе кои имаат неверојатно стресна работа.

За оние луѓе каде една грешка понекогаш може да чини и еден живот.

За оние луѓе кои не престануваат да учат во текот на животот и постојано се надградуваат.

За оние луѓе кои сакаат во Македонија да ни донесат квалитет каков што се нуди во светот на поле здравство.

За оние луѓе кои одлучиле секој ден да имаат контакт со тажни луѓе, затоа што кога сме болни сите сме тажни.

За оние луѓе кои знаат дека нивната насмевка и добар збор лекуваат.

За оние луѓе кои се истрајни за доброто на другите.

За оние луѓе кои на моменти не се ценети како што заслужуваат.

За оние луѓе кои работат најхумана работа на свет.

За нашите доктори...

За нив едно големо браво.

Прочитајте и Ти медицинска сестро, ти си мој херој на денот!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев во болница во туристичко место во Македонија со синот - докторите ни се злато“ За жал, завршив на дежурство во туристичко место во Македонија поради интензивен...
„И по 27 години ми одѕвонува во глава пеењето на Тоше на нашата прва средба - се сеќавам на секој де... Од денешен аспект, сфаќам дека таа сабота, 6 март 1999 година, за мене е „голема...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg