На 36 го пронајде вистинскиот, не се омажи за кој било само затоа што „време ѝ е“

na-36-go-pronajde-vistinskiot-ne-se-omazhi-za-koj-bilo-samo-zatoa-shto-vreme-i-e-01.jpg

Кај неа ми се допаѓа што никогаш не се откажа од љубовта и од нејзината замисла за вистинска љубов.

Никогаш не се разочара и не се повлече.

И додека луѓето околу неа стапуваа во брак, а некои врснички имаа и второ дете , таа ниту беше тажна, ниту огорчена, ниту завидуваше секому. Некако во себе знаеше дека нејзиното време за љубов допрва доаѓа.

Имаше нефункционални врски, имаше мажи кои ѝ го скршија срцето, имаше мажи кои се нудеа само половично.

И кога веќе сите околу неа беа безнадежни дека некогаш ќе го пронајде својот вистински, таа го запозна него.

Запозна маж што ја прегрнуваше цврсто, што пред светот ја нарекуваше своја, што не правеше да се чувствува дека оди по јајца и да се грижи што ќе каже пред него.

Пронајде маж кој ѝ беше мелем за психата, ја правеше посилна од кога било, со кого се забавуваше како со никој дотогаш и со кој сѐ беше лесно.

Го запозна на свои 36 години. Сега чекаат бебенце.

Никогаш не престана да верува дека нејзиното време за љубов допрва доаѓа и токму затоа сега ја живее својата љубовна бајка.

Никогаш не чекаше, секогаш живееше за мигот и знаеше дека само со човек што вистински ја сака ќе може да остане до крајот на животот.

Никогаш не направи непромислен потег да се венча со некого само затоа што околината веќе притискаше. Никогаш не се осуди на несреќа само поради тоа што ќе кажат другите.

Бараше нешто што смета дека го заслужува и го пронајде тоа.

Во животот не е важен тајмингот, што е наше ќе си дојде, сега или подоцна без разлика.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...
Кога си го пронајдов вистинскиот маж, животот стана полесен - дури и кога бури беснеат Тој е маж што го сака домот, маж за кој замислата за среќа е да минува време со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg