Името на моето бебе не е предмет на дискусија и „солење памет“

Не ми треба вашето мислење за името на моето бебе, фала ви. Ја знаете старата добра поговорка: „Ако немаш да кажеш нешто убаво, подобро молчи си“? Не може да биде посоодветна особено кога станува збор за мислење за името на бебето на некој друг.

imeto-na-moeto-bebe-ne-e-predmet-za-diskusija-i-mrcenje-01.jpgфото: pixabay.com

Да, сите имаме право на свое мислење, но кога станува збор за името на детенце на вашите блиски, задржете си го коментарот за себе.

Можеби не мислите ништо лошо, но вашите коментари најчесто не се од никаква помош.

Никој не треба да го расипе задоволството на идните родители.

А вас, името можеби:

  • Ве потсетува на детето од градинка што секогаш си го чепкаше носот.
  • Ви звучи како име за куче.
  • Сметате дека нема да може да го изговараат правилно ако живее некогаш во странство.
  • Ве потсетува на некој од цртан филм.
  • Ви асоцира на поранешен дечко/девојка кој не може да го поднесете.
  • Мислите дека е чудно.
  • Ве нервира што секое второ дете се вика така.
  • Сметате дека е име за спротивниот пол.
  • Сакавте вие да го си го крстите вашето бебе така па сега се лутите.

И ред други причини кои мислите дека ви даваат за право да критикувате. Ве слушаме, но, не ни е гајле. Можеби мислите дека сте од помош, но, верувајте – не сте.

Така што сите негативни коментари е најдобро да си ги сочувате за себе.

Можете да го дадете вашиот фидбек само во овој случај: Ако вашиот пријател се двоуми меѓу неколку опции па ви каже дека ќе му значи вашето мислење.

Затоа што, на крајот на денот, секој ќе си го крсти детето како што сака, а вие ќе бидете „оние луѓе“ кои ќе останат запомнети како некои кои „мрчеле“ за нивниот избор.

 Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
10 докази дека вековите минуваат, а проблемите на луѓето остануваат исти (низ илустрации) Родителите и понатаму мачат исти маки со децата, жените секогаш се жалат дека не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg