Дечкото сам услужува цела тераса од кафуле, тие си отидоа без сметка да му платат
Пред очиве ми се случи сцена која ме натера да се запрашам каде отиде младинава. Што погрешно прават родителите, зошто има вака бесчувствителни и некултурни тинејџери?
Дечко сам служи цела тераса од кафуле со „милион“ маси... Да, ова е Македонија и, за жал, и тоа е можно.
Не знае главата каде му е, брза, заборава нарачки, му префрлаат, не може да постигне.
Но, се труди, љубезен е и најважно од сѐ не е негова вина. Ниту еден жив човек на планетава не би можел да услужи олку народ наеднаш.
И на масата до мене седат пар тинејџери, тој од оние „мангупите“, што договара пи*иња за вечер додека девојка му е во тоалетот. Бараат сметка, не добиваат извесен период, овој лут станува, ја фаќа за рака и потшепнува дека дечкото не заслужува да му платат сметка и тивко како крадци на прсти си заминуваат.
Двете кафиња им се гратис од дневницата на дечкото кој сирот нозе искрши за да ја услужи цела тераса.
Нека им е на чест, нека им е наздравје...
Каде ќе им оди душата?
Кога тинејџерите станаа толку нетрпеливи, толку вообразени, толку полни со себе?
Толку бесчувствителни за другите и толку сигурни дека ним им е местото на пиедесталот? Не можат да почекаат, не можат да разберат, комплетно се неспособни за емпатија...
И тие утре ќе бидат возрасни личности, можеби дури и нечии претпоставени и ќе се изживуваат и нема да толерираат и нема да имаат разбирање за никој.
Родители чукнете си ја главата, доста им дававте погрешна перцепција на вашите деца дека тие се принцеви и принцези кои го поседуваат светот, пред кои секој треба да се тресе...
Утре можеби токму тие ќе се најдат на местото од овој дечко и со нив некој вака ќе се однесува.
Не е убаво.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:

