Не свекрво, нема никогаш да те викам „мамо“

Една од посмешните работи за кои сè уште се расправаме во Македонија, и покрај датумот и годината коишто ги покажува календарот, е дали свекрвата треба да ја викаме „мама“. Не. Не треба.

Ne-svekrvo-nema-nikogas-da-te-vikam-mamo-01.jpg

Една од работите што особено ги ценам кај мојата свекрва е фактот што таа самата нагласи дека не сака да ја викаме мама.

Зошто? Затоа што таа е веќе мајка на 2 деца и нормално е тие да ја нарекуваат така. Исто како што е нормално јас да ја ословувам само мојата мајка со „мама“. Затоа што една е мајка. И тоа навистина „држи вода“.

Ме чуди како останатите не можат да сфатат зошто снаите не сакаат да им се обраќаат со зборот „мамо“.

Прво, не е природно. Не знам како не може да сфатите дека жените имаат грч во стомакот, кнедла во јазикот и презир кон тој збор што не ви доликува.

И како да сте свесни колку им е непријатно да го изговорат, па уште повеќе ги терате да го прават тоа. Впрочем – инсистирате.

А зошто? Затоа што „на времето“ вашата свекрва ве терала да ја викате „мама“, па сега е дојден редот за да се одмаздите. Кутри вие ако тоа ве исполнува и ви прави задоволство во животот.

Најсмешно ми е кога ќе речат – тоа е знак на почит. Каква почит?

Доколку снаата не ви укаже почит со добра комуникација, со разбирање и најбитно – со љубов и внимание за вашето дете, сопругот што го одбрала, како може да се задоволите со едно „мама“ изговорено со „половина уста“?

Тоа ли е највисокиот облик на почитување?

Кому терате инаети? Во минатото почит било да се измијат и нозете на свекорот, па не гледам никој да шета со леѓените и сунѓерот наоколу.

Баба ми велеше „си измислуваат гачки“ за да се прават надмени. Дури и мојата баба, жена која доживеа 83 години, жена од минати времиња за кои можеме само да прераскажуваме бидејќи не сме ги доживеале, ниту ја викала свекрвата мамо, ниту очекувала од снаата да го прави тоа.

„Јас си имам син. Таа си има мајка. И толку“.

Замислете ги жените коишто немаат мајки. Коишто израснале без мајка, не ја почувствувале мајчината љубов и не знаат како звучи да се изговори тој топол, убав, нежен збор.

И вие со цел памет очекувате вам да ви го доделат тој епитет. Не знам каква суровост тлее во вас и дали навистина преживувате од кафе и злоба, ама потребно е да престанете да се колнете во некакви си традиции од минатото со цел да ја нахраните вашата суета.

Навистина, животот денес е суров и тежок и светот секојдневно ни сервира далеку поголеми проблеми, наместо да си го тупиме мозокот со тоа дали снаата на свекрвата треба да ѝ се обраќа со зборот „мама“.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg