Имате ли сестра по душа? Ах, таа една пријателка!

imate-li-sestra-po-dusha-ah-taa-edna-prijatelka-01.jpg

Со неа се разбирате без зборови. Поглед е доволен.

Пријателки сте цела вечност, барем вам така ви изгледа.

Знаете апсолутно сѐ една за друга. Да, да и најсрамните тајни со кои слободно може да ве уценува (но, нема, сигурни сте).

И во сексот што ви одговара, а што не имате споделено со неа.

Ах, да и со кого го имавте најдобриот секс во животот.

Таа е таа што ве сопира кога сакате да праќате непромислени СМС пораки на пијано.

И таа што цврсто ве стиска за рака кога ќе ви го скршат срцето.

Ве видела како плачете мал милион пати.

Пред неа немате кочници за емоциите.

Дури и кога молчите, таа чита што ве мачи.

Знае дека не сакате да кукате што душата ви ја мачи, но дека прошетките ви се издувен вентил, па веднаш смислува нешто забавно за вас две.

imate-li-sestra-po-dusha-ah-taa-edna-prijatelka-02.jpg

Таа со леснотија би можела да го добие титулата „најважната личност во вашиот живот“ (добро, мајка ви не ја броиме).

Знае точно што сакате и што не сакате и уште пред сами да сте свесни, јасно ѝ е која ваша врска е осудена на пропаст, а за која има утре.

Со неа лесно е да се насмеете до солзи, понекогаш дури и на старите добри спомени.

Омилена ви е реченицата „Се сеќаваш ли кога...?“

Кога некоја од вас ќе предложи да направи нешто лудо, другата само ѝ вели „Ајде“.

Се поддржувате дури и тогаш кога ниту еден друг жив човек на светот не може да ве сфати.

Заедно сте најнепромислени на свет, но и најмудри на свет.

Една без друга не можете.

За иднина без неа во неа не сакате ни да чуете.

Која е вашата сестра по душа?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
„И по 27 години ми одѕвонува во глава пеењето на Тоше на нашата прва средба - се сеќавам на секој де... Од денешен аспект, сфаќам дека таа сабота, 6 март 1999 година, за мене е „голема...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg