Растев во Охрид – на последниот школски ден ги киневме сите тетратки, а потоа секој ден го поминувавме на плажа

Јас можеби имав голема среќа затоа што детството го поминав во Охрид. Додека сите се подготвуваа и размислуваа каде ќе одат на одмор, ние цело лето бевме на одмор. Ми се чини дека по цело лето го поминувавме на улица и на плажа.

Rastev-vo-Ohrid-na-posledniot-ucilishten-den-gi-kinevme-site-tetratki-a-sekoj-den-odevme-na-plaza-01.jpg

Последен школски ден – се трудам да се сетам како изгледаше тоа. Кога ќе видиш не поминало многу време, ама некако сè ми е замаглено.

Ја паметам емоцијата, да, конечно бевме слободни, нема станување, нема будење рано. Ќе можеме да гледаме телевизија колку сакаме, да уживаме на улица, да играме…

Се сеќавам дека задолжително за последниот ден носевме нова облека, дотерани, небаре одиме на прослава. Книгите не ни требаа, ама задолжително носевме и по некоја тетратка – да запишеш кои лектири треба да се прочитаат, кога треба да одиш по свидетелството.

Во Охрид беше најголема шема на последниот школски ден да се искинат сите тетратки од радост што веќе завршува учебната година. Штом заѕвони ѕвончето се знае: класната си оди, па почнува прославата…

Некои одеа до таму што ги носеа сите тетратки на кинење. Бубалиците (како мене) ги гледаа „на криво“ ваквите настани. Прво, затоа што моите соученици правеа ѓубре насекаде, а второ: што ако им затреба нешто следната година?

Rastev-vo-Ohrid-na-posledniot-ucilishten-den-gi-kinevme-site-tetratki-a-sekoj-den-odevme-na-plaza-02.jpgфото: Freepik

Списокот со лектири некои уредно го пакуваа во ранецот и веќе си правеа распоред кога и како ќе ги прочитаат книгите, а кај некои и тој завршуваше на подот во училницата, заедно со другите искинати тетратки.

Од училиште се знае: сите по дома да „ќариме“ по некоја стотка, па на гости кај баба, кај дедо, кај тетки, стрини – да дадат некоја пара.

По пат, гарант ќе се најде некое дрво со зелени сливи Петровки. Ах, нема ништо послатко од крадените сливи. Зелени, кисели, ама слатки… Се сеќавам дека еден другар заврши и во болница откако изеде пола дрво сливи… А новата облека, па можеби и ќе преживее по качувањето на оградата и кинењето сливи.

Откако ќе се заврши процедурата за собирање „данок за успех“ се знае – на улица, гарант веќе некој завршил побрзо работа. А на улица се игра народна, лепчиња, фудбал, се возат ролерки, велосипеди…

Јас можеби имав голема среќа затоа што детството го поминав во Охрид. Додека сите се подготвуваа и размислуваа каде ќе одат на одмор, ние цело лето бевме на одмор.

Се знае – стануваш јадеш и чекаш… Во секој миг ќе ги слушнеш другарите како под тераса се дерат и те викаат да излезеш.

Во тоа време немаше мобилни, главно средство за комуникација беше гласното викање. Го земаш велосипедот и заедно со другарите одиш на плажа: од сабајле до вечер.

Rastev-vo-Ohrid-na-posledniot-ucilishten-den-gi-kinevme-site-tetratki-a-sekoj-den-odevme-na-plaza-03.jpgФото: Depositphotos

Си одиш дома, се тушираш и пак на улица. Другарите те чекаат. Затоа на летото сите се радувавме, знаевме дека доаѓа вистинскиот одмор.

За нашата генерација, што растевме во 90-тите години на минатиот век, велеа дека сме зависници од телевизија, но искрено, не се сеќавам дека седевме толку многу пред телевизор, како денешните деца што седат пред таблет и мобилен во лето. Ми се чини дека по цело лето го поминувавме на улица и на плажа.

Ги гледам децата што растат денес и навистина сфаќам дека за некои од нив таблетот и мобилниот телефон се продолжен дел од телото.

Не е важно каде се, важно е уредот да е тука. Ако се на плажа мора да имаат телефон, ако се на улица добро е да имаат што да гледаат, а истото се случува и кога некаде се излезени со родителите.

Оние поголемите задолжително мора да се „чекираат“ каде се, со кого се. Како да не го живеат, туку да го рекламираат детството, ама ајде …

Секое утро ги гледав соседите како со тешки маки ги носеа децата во училиште, тие што треба да одат со физичко присуство:

„Остави, не сака во школо, сака на таблет да седи“ – ми вика сосетката.

Ама ете, дојде и крајот на учебната година. Дојде времето кога ќе здивнат децата, па наместо да се заморуваат со часови за училиште, ќе може раат да си играат фудбал, одбојка, кошарка на компјутер...

А родителите? И тие ќе здивнат, затоа што знаат дека нивните деца се 100% безбедни додека го поминуваат летото дома и на интернет.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Freepik/Depositphotos

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg