Факти за сумо борењето – Порано борачите биле слаби, не смеат да возат автомобил

Сумо борачите кои не се во брак живеат во куќа со 15-тина други борачи. Оние со најнизок ранг им се како слуги на другите – стануваат први, ја чистат куќата и готват. Истовремено, некогаш се и физички казнувани со цел да станат посилни. Во минатото пак, од судиите се очекувало да извршат самоубиство со мечот доколку пресудат погрешно на натпревар.

fakti-za-sumo-borenjeto-porano-borachite-bile-slabi-ne-smeat-da-vozat-avtomobil-01.jpg

Сумо борењето е уникатен спорт кој потекнува од Јапонија.

За оние кои не знаат ништо за спортот, сумо борењето изгледа само како двајца огромни мажи кои се буткаат, но оваа боречка вештина е важен дел од јапонската традиција.

Јапонија е единствената земја каде што има професионални сумо борачи, а сумо борењето се смета за национален спорт.

Во продолжение, неколку забавни факти за сумо борењето:

Сумо е вид религиски ритуал

Сумо борењето потекнува од пред околу 1.500 години од Јапонија. На самиот почеток, сумо бил ритуал кој се изведувал во храмовите за да се осигури плодна жетва. 

Дел од ритуалите се применуваат и денес. На пример, борачите кои се натпреваруваат првпат, прават церемонија во посебен храм.

Исто така, пред секој натпревар, борачите го „прочистуваат“ рингот со фрлање сол. Самиот ринг, пак, се смета за свето место.

fakti-za-sumo-borenjeto-porano-borachite-bile-slabi-ne-smeat-da-vozat-avtomobil-02.jpg

Животот на сумо борачите е многу тежок

Иако сумо борачите имаат прекумерна тежина, тие се едни од најдисциплинираните спортисти во светот.

Тие живеат во куќа позната како sumo beya. Во просек, во една куќа живеат околу 15 борачи сè додека трае нивната боречка кариера.

Сепак, доколку стапат во брак, а сè уште се натпреваруваат, тогаш имаат дозвола да живеат со сопругата.

Во заедничките куќи владее строга хиерархија, а најтешко им е на борачите од најнискиот ранг.

Тие се будат први, готват, чистат и, генерално, се како случи на борачите кои се над нив.

Исто така, тие последни можат да се бањаат по тренинг и јадат последни.

Борачите од низок ранг се и физички казнувани со цел да зајакнат.

Сумо борачите го очекуваат ова кога го почнуваат тренингот, но некогаш казнувањето оди предалеку и резултира со сериозни повреди и, во ретки случаи, смрт.

fakti-za-sumo-borenjeto-porano-borachite-bile-slabi-ne-smeat-da-vozat-avtomobil-03.jpg

Порано сумо борачите биле слаби

За разлика од повеќето боречки вештини, во сумо борењето играчите не се одделуваат според нивната тежина.

Па, поради ова, многумина се здебелуваат за полесно да ги исфрлат противниците од рингот.

Сепак, до 20-тиот век, сумо борачите не биле дебели, туку мускулести. Што значи, дебелеењето е релативно нов тренд.

А, за да ја стигнат посакуваната тежина тие имаат посебна рутина за јадење и вежбање.

Специјалитетот што го јадат најчесто е познат како chanko nabe и се состои од месо, зеленчук и нудли.

Борачите вежбаат кога се гладни, а спијат веднаш по јадење за да се осигурат дека нема да ги согорат сите калории што ќе ги консумираат.

Но, овој начин на живот е далеку од здрав, па се проценува дека просечниот животен век на сумо борачите е за околу 10 години пократок од оној на просечниот Јапонец.

fakti-za-sumo-borenjeto-porano-borachite-bile-slabi-ne-smeat-da-vozat-avtomobil-04.jpg

Сумо борачите не смеат да возат автомобили

Официјалното здружение на сумо борачи во Јапонија им забранува на натпреварувачите да возат автомобили.

Една од причините за ова е големината на натпреварувачите. Но, според некои извори, зад одлуката се кријат неколку сообраќајни несреќи во кои биле вклучени сумо борачи.

Несреќите се случиле во 1980-тите и имале негативно влијание врз репутацијата на спортот.

fakti-za-sumo-borenjeto-porano-borachite-bile-slabi-ne-smeat-da-vozat-avtomobil-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg