Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик

Не ги разгалуваат децата

И Метју и Сара се познати актери со големо богатство, но велат дека воопшто не ги разгалуваат децата.

„Важно е децата да разберат што значи да се заработат пари, колку труд треба да се вложи, да научат за вредноста на парите.

Мислам дека ова е одличен начин на воспитување – нахранети се, безбедни и сакани. Ги имаат важните работи во животот – книги, храна и убави искуства. Во зима им е топло, во лето им е ладно“.

se-zapoznale-otkako-akterot-usmrti-majka-i-kjerka-vo-soobrakjajka-fakti-za-sara-dzhesika-parker-i-metju-broderik-08.jpg

Гласини за развод

Во 2019 година, се појавија гласини дека на бракот на актерите му се ближи крајот.

Според американски веб-сајт, актерите биле снимени како се расправаат на глас во ресторан, а потоа среде улица, бидејќи Метју минувал многу време во Англија каде што работел на филм.

Актерите обично не зборуваат многу за приватниот живот, но ова ја разгневи Џесика која се огласи на Инстаграм.

„Преку една деценија, истите лажни бесмислици. Како и обично, неколку дена пред нашата годишнина, овој медиум пробува да измисли нешто…

Немаше викање во ресторан или на улица, ниту пак, имаше караница за неговиот престој во Лондон. Моите деца и јас сме многу горди на она што го работи“, напиша актерката меѓу другото.

se-zapoznale-otkako-akterot-usmrti-majka-i-kjerka-vo-soobrakjajka-fakti-za-sara-dzhesika-parker-i-metju-broderik-02.jpg

Не поминале ниту една вечер разделени, освен ако не работат

Во 2023-та, Сара изјави дека освен ако не работат или немаат некој итен случај во семејството, со Метју не поминале ниту една вечер одвоени.

„Не сме поминале ниту една вечер одвоени откако сме заедно, со исклучок кога мора да работиме во друга држава.

Или, мајката на Метју беше болна еден период, па тој мораше да се грижи за неа. Освен тоа, од првата ноќ не сме биле разделени“.

se-zapoznale-otkako-akterot-usmrti-majka-i-kjerka-vo-soobrakjajka-fakti-za-sara-dzhesika-parker-i-metju-broderik-03.jpg

Не сакаат да зборуваат за бракот

Сара има изјавено дека тајната за нивниот брак е тоа што не зборуваат за бракот.

„Отсекогаш велам дека една од причините што имаме успешен брак, е тоа што не зборуваме за нашиот брак.

Никогаш нема да речам ’тоа и тоа е нашата тајна‘. Пробуваме да се почитуваме еден со друг“.

se-zapoznale-otkako-akterot-usmrti-majka-i-kjerka-vo-soobrakjajka-fakti-za-sara-dzhesika-parker-i-metju-broderik-05.jpg

Гласини за неверство

Во 2008 година, се појавија гласини дека Метју имал афера со млада девојка, па дури и дека ѝ се жалел за бракот со Сара.

Тој период, портпаролот на актерот не ги негираше гласините, туку само изјави дека ќе нема коментар од страна на актерот.

Сара Џесика Паркер прозборе само еднаш за гласините, и тоа во 2013-та:

„Да, не коментирам за гласините. Луѓето ме прашуваат за бракот, а јас им кажувам дека ние не зборуваме за тоа. Гласините не се вистина“.

se-zapoznale-otkako-akterot-usmrti-majka-i-kjerka-vo-soobrakjajka-fakti-za-sara-dzhesika-parker-i-metju-broderik-09_copy.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Бил на рехабилитација, имал 2 сериозни повреди на вилицата: Факти за Зек Ефрон Иако изгледа како да направил пластична операција, промените во изгледот на Зек ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg