Околу 10% од Европјаните се имуни на ХИВ и уште 7 научни факти кои звучат нереално

Постојат вид молци без уста и дигестивен систем

Молците од видот Actias luna немаат ни, уста, ни дигестивен систем бидејќи живеат само една недела.

Во овој период не јадат и нивната цел е само да се размножат.

okolu-10-od-evropjanite-se-imuni-na-hiv-i-ushte-7-nauchni-akti-koi-zvuchat-nerealno-06.JPG

Сончогледите се користат за чистење нуклеарен отпад

Кога се посадени, сончогледите имаат способност да го „впијат“ радиоактивниот отпад од почвата настанат од катастрофи како Чернобил.

Преку коренот, тие можат да ги впијат тешките метали одговорни за радијацијата и на тој начин ја прочистуваат почвата.

okolu-10-od-evropjanite-se-imuni-na-hiv-i-ushte-7-nauchni-akti-koi-zvuchat-nerealno-07.JPG

Облаците тежат околу милион тони

Белите облаци што ги гледаме кога времето е ведро се нарекуваат кумулус, а во просек тежат околу еден милион тони.

Тие се создадени од водени капки кои се распоредени на голема површина.

Поради ова, имаат помала густина од онаа на воздухот и затоа можат да лебдат на небото.

okolu-10-od-evropjanite-se-imuni-na-hiv-i-ushte-7-nauchni-akti-koi-zvuchat-nerealno-08.JPG

Бактеријата гонореја е најсилното живо суштество

Бактеријата гонореја важи за најсилното живо суштество бидејќи може да подигне нешто што тежи и 100.000 пати повеќе од неа.

Ова би било како човек од 60 килограми да може да крене нешто што тежи 6 милиони килограми.

okolu-10-od-evropjanite-se-imuni-na-hiv-i-ushte-7-nauchni-akti-koi-zvuchat-nerealno-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...

Најчитани неделава