Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актерката?
Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во потрага по совршен партнер, но постојано се разочарува од мажите во нејзиниот живот. Во реалноста, актерката Лили Колинс, која го глуми ликот на Емили, е заљубена и во среќен брак со Чарли МекДауел.

Лили Колинс, ќерката на легендарниот музичар Фил Колинс, има сосема поинаков љубовен живот од ликот на Емили, со кој стекна светска слава.
Од септември 2021-та, таа е во брак со Чарли МекДауел, а годинава го добија и нивното прво дете.
За Чарли, актерката често вели дека е најромантичниот маж кого го запознала во животот и дека е благодарна што е покрај неа и во лошо и во добро.

Што знаеме за сопругот на Лили Колинс?
Чарли е сценарист и режисер, роден во Лос Анџелес во 1983 година.
Потекнува од филмско семејство - родители му се актерите Малколм Мекдауел и Мери Стинбурген.

Со Лили се се запозна во 2019-та на снимањето на неговиот филм Gilded Rage - тој беше режисер, а таа глумеше актерка во филмот.
Лили потоа глумеше уште во еден филм што го режира Чарли, Windfall.

Се свршија по една година врска.
Мекдауел ја запросил додека се возеле во автомобил кон Санта Фе, Ново Мексико.
„Никогаш порано не сакав да ставам прстен на тој прст. Како да се чував за денот кога ќе ме запроси. Одбивав да ставам прстен таму дури и за фотосесии, иако ме убедуваа дека тоа не значи ништо. Но, јас како да го ччекав Чарли“ - вели таа.

