Женски изјави

Секогаш интересни и привлечни за јавноста се изјавите на познатите. Овој пат не толку феминистички изјави на познати глумици, пејачки, писателки...

 zenski-izjavi-01.jpg

Проверете дали имате некоја истомисленичка:

- Вицевите за глупави плавуши воопшто не ме навредуваат- добро знам дека не сум глупава...а знам и дека не сум плавуша - Доли Партон

- Позади секој успешен маж стои зачудена жена - Марион Пирсон

- Сеуште не сум чула изјава од маж да бара совет како да ги усклади бракот и кариерата - Глориа Стејнем

- Јас сум одлична домаќинка. После секој развод си ја задржувам куќата - За За Габор

- Бесмислено е да очекувате исполнување на ветување кое го дал некој кој е заљубен, пијан или за време на изборна кампања - Ширли МекЛејн

- Ќе видите многу паметни мажи со глупави жени, но речиси никогаш паметна жена со глупав маж - Ерика Јонг

- Ме прашувате за разлика помеѓу грди жени и убавици? Грдите секогаш ги познаваат мажите подобро - Кетрин Хепберн

- Зошто прекинавме? Тој сакаше да се ожени, а јас бев против неговиот брак - Рита Руднер

- Жените се жалат на ПМС, но јас мислам дека тоа е единствено време кога можам да бидам она што навистина сум - Розен Бар

- Можете ли да го замислите светот без мажи? Нема криминал, а насекаде среќни дебели жени - Никол Холандер

- Некои жени еднакво постапуваат на плетењето и на проблемите. Седат со часови и прегледуваат ситни детали - Елен Глазгов

- Интересно е што некои жени не препознаваат дека се дискриминирани, има ли подобар доказ од постојаната состојба на зависност во која се наоѓаат? - Кејт Милет

- Мажите не се непријатели, тие се жртви покрај нас. Прав непријател е оцрнувањето кое го прават жените за да си го исполнат времето - Бети Фридан

- Никој не може да ве натера да се чувствувате инфериорно - Еленор Рузвелт

- Во светот не постои ништо поснажно од нежноста - Хан Сујин

- Најубавото на мажествен маж е нешто што е женствено; најубавото на женствена жена е нешто мажествено - Сузан Сонтаг

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg