Интересни факти за пивото
Омилениот пијалок на поголем број луѓе во светот е дефинитивно пивото. Светло ,темно, ладно, со фудбал, во град - буквално во секоја комбинација.

Научете нешто повеќе за пивото од следните интересни факти.
Првиот спомен за пивото
- Пивото за прв пат се споменува 6000 години пред нашата ера, а првиот рецепт е пронајден на 4000 години стара камена плоча на која се наоѓа Химната Нинкаси, молитва на боговите на напитоците. На неа бил испишан и рецепт за пиво од јачмен. Ако ве интересира каков вкус има ова најстаро пиво, не треба да го правите сами - пиварата Anchor Brewing Company произведува лимитирани количини од ова пиво под етикетата Нинкаси.
Пивото не се споменува во Библијата
- Додека виното се спомнува многу, многу пати, во најпопуларната книга на светот од пиво ни п. Но постои верување дека авторите на Стариот завет го познавале и пиеле. На едно место се спомнува “силен пијалок“ кои некои го преведуваат како ферментиран напиток од зрна.
Најсилно пиво на светот
- Титулата за најсилно пиво на светот ја носи Sam Adams Utopias MMII, лимитирана серија (направени се вкупно 3000 шишиња), од пиварата Boston Beer Co. Ова пиво содржи дури 24% алкохол, а ако сакате да го пробате бидете подготвени да издвоите минимум 100 долари.
Пиво во вреќа
- Колку различни амбалажи на пиво познавате? Стакло, лименка, буренце..кој да знае - можеби еден ден како и виното, и пивото ќе се продава во тетрапак пакување. Дефинитивно во категоријата најинтересно пакување спаѓа пивото во пластична вреќичка, а така се продава во Кина.
Св. Арнолд - заштитник на пивото
- Во 11-тиот век Арнолд од Soissons, бискуп од Франција започнал со производство на пиво и ги поттикнал локалните свештеници да пијат пиво наместо вода заради неговото благотворно дејство врз здравјето. (било поздраво од водата бидејќи било превриено и стерилизирано), па не е ни чудно зошто бил прогласен за светец.
Како се вели пиво на зулу јазикот?
- Utshwala! Утшвала!
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з...
Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега
Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М...
Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
